Московскиот таблоид „Комсомолскаја правда“, близок до Кремљ, објави дека во инвазијата врз Украина досега се убиени 9.861 руски војник, а 16.153 се повредени.
„Комсомолскаја правда“ се повика на руското Министерство за одбрана, иако од таму јавно не објавија такви податоци.
Според последните официјални податоци објавени од Русија, до 2 март биле убиени 498 војници.