НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кому му се потребни инциденти?

0
By Биљана Секуловска on May 9, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што му преостанува на Груевски после се, сега, кога се наѕира крајот, приклештен од протести, свирежи и отпор со барање за негово заминување? А во исто време, тоа истото сега, кога тој се подготвува за нов почеток, кој го објави после Гошинце, кога 40 напаѓачи ја зазедоа полициската станица и со два автомобили заминаа во непознат правец, додека МВР тврдеше дека се работи за терористи од Косово.

По две недели, мирните граѓански протести се претворија во судир помеѓу полицијата и демонстрантите, во кој беа приведувани и тепани студенти, кои говореа дека имало инфилтрирани провокатори, кои ги иницирале судирите.

Следи денешниот кумановски инцидент, после кој имате индикативна реакција од ДУИ: граѓаните да не наседнуваат на провокации, со барање МВР да постапува со целосна одговорност кон чуствителноста на безбедносната и политичката ситуација.

Во меѓувреме, низ целиот овој период од Гошинце па до денес, над Скопје злослутно надлетуваат хеликоптери, кои некои ги толкуваат дека се само потсетување: секогаш кога ќе се бара оставка од Груевски, се расчистува теренот за една друга култура на политичко дејствување, многу блиска до монархистичката култура на Путин. Со други зборови- или јас ќе владеам, или никој друг после мене!

Затоа што, она што никако не може да го разбере Путин, не може ни Груевски- зошто воопшто протести, зошто воопшто незадоволство, гнев, барања за оставка, зошто критичари, зошто под милим богом да се разговара со нив, кога во сила е се уште вицот кој кружи низ дисидентските гнезда во Москва: Откако умре Ганди, Путин е несреќен- нема повеќе со кого да размени збор- два. Затоа и нема што да дебатира со критичарите, со политичката опозиција или да одговара на тешките прашања на нережимските новинари.

Груевски го одбра тој пат, оној кој му го трасираше Путин- владеење со сеење страв, доколку е разбистрен умот од сеењето магла и сега на потег се граѓаните- да му кажат НЕ- на секој обид за крвав расплет, кој е негов одговор на барањето достоинствено да замине.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.