НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конференција „Една изборна единица наместо сегашните шест“ за посоодветно претставување на граѓанскиот глас

0
By Sashko on June 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ и Либералниот институт денеска одржаа конференција на темa „Една изборна единица наместо сегашните шест – посоодветно претставување на граѓанскиот глас”, на која учествуваа претставници на политички партии и граѓански организации.

Пратеничката од Либералната демократска партија, Моника Зајкова истакна дека целта на конференцијата е да се види до каде се измените на Изборниот законик за да нема повторно случај непосредно пред изборите да се менува изборниот модел или да има изговор дека тогаш веќе е доцна за информирање на граѓаните за новиот изборен модел.

„Во Собранието дебатата започна пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и е во прво читање, меѓутоа истата не продолжи, заради, веројатно други настани и случувања во рамки на Собранието. Токму оваа дебата беше како едно потсетување до каде сме со законот и кога планираме да го ставиме повторно на агендата на разгледување“, рече Зајкова.

Таа додаде дека со актуелниот модел за пресметување на гласовите, 50 до 100.000 граѓани не се соодветно претставени и посочи дека тоа е поразителен факт за една држава која се стреми за современа демократија.

„Јас несомнено сум убедена дека една изборна единица е навистина еден голем напредок на демократијата и овозможува правична застапеност на гласот на граѓаните, затоа што во ваков модел кој што го имаме сега, особено со Д’онтовиот модел за пресметување на гласовите, околу 50 до 100.000 гласови на граѓаните одат во воздух, односно 50 до 100.000 граѓани не се соодветно претставени преку свои застапници во законодавниот дом, што навистина за една држава којашто се стреми да биде прогресивна и современа демократија, е поразителен факт“, потенцираше пратеничката на ЛДП.

Во однос на политичките субјекти кои се против и ја блокираат оваа иницијатива за воведување на модел со една изборна единица за парламентарните избори, Зајкова рече дека ако во минатиот собраниски состав блокираше сегашната опозиција, но и дел од партиите во власта, како ДУИ, во овој состав повторно има несогласување за овој изборен модел од страна на ДУИ, но исто така и од Алијансата за Албанците, која пак предлага земјата да биде поделана на осум изборни единици. Но, таа вели дека добро е да продолжи дискусијата, да не биде само на комисиската расправа и да продолжи на пленумот со цел сите партии да можат да ги изложат своите аргументи за или против.

„Доколку навистина партиите се убедени дека сакаат да направат добро за граѓаните, да го унапредиме политичкиот плурализам, да имаме вистинска контрола на извршната власт, но и „чек и баланс“ систем и доверба во институциите, овој модел можеби не е најсовршен но за земја како нашата е доста подобар од овој којшто сега го имаме“, подвлече Зајкова.

Претседателот на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, Елвис Шаќири потсети дека владејачкиот СДСМ уште во 2016 година вети воведување една изборна единица, но дека пред избори секогаш се зборува оти е доцна и не може да се отвори оваа тема, па токму затоа сега ја отвораат темата за да има доволно време и да поминат сите фази во Собранието за да може да има размена на аргументи.

„Како здружение, ние веќе подолго време ја застапуваме оваа идеја за една изборна единица, затоа што сегашниот модел ги фаворизира само големите партии, меѓутоа не и помалите партии, особено кога се работи за етничките партии, конкретно партиите од ромската етничка заедница. Пратениците коишто се избрани во Собранието доаѓаат од Втората изборна единица, тоа значи дека останатите граѓани Роми коишто живеат низ територијата на државата не можат да гласаат за одредена политичка партија, што на некој начин ги става во понеповолна положба“, посочи Шаќири.

Тој додаде дека модел на една изборна единица е чекор понапред кон демократизација и правична претставеност на сите граѓани во Собранието.

„Политичките партии често зборуваат дека ги претставуваат интересите на народот и сметаме дека ако навистина ги претставуваат интересите на народот, треба да го изменат овој изборен модел, бидејќи сега народот гласа за политички партии и носители на листи, меѓутоа не и за свој кандидат“, потенцираше Шаќири.

Освен барањата за една изборна единица и отворени листи за гласање, тој нагласи дека клучно е да нема изборен праг, затоа што во тој случај ако со тој цензус се елиминираат помалите политички партии, тогаш нема поента од промена на изборниот модел во една изборна единица

Подносителите на Предлог-законот за измена на Изборниот законик со кои би се вовела една изборна единица на парламентарните избори, се пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица, Панчо Минов од СДСМ и сега веќе поранешниот пратеник на ДОМ, Мирослав Богдановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.