Скопје: На отчетен конгрес денеска, во хотелот Александар Палас, СДСМ ќе ги анализира изборните резултати.
По изборниот пораз, претседателот на партијата Димитар Ковачевски на седницата на партискиот Извршен одбор на 22. мај официјално го потврди повлекувањето од функцијата и побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори.
Нов партиски претсдател, како што е претходно најавено од СДСМ, на непосредни избори од страна на членството, ќе се избира на крајот на овој месец. Пријавени се четворица кандидати.