Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Координиран медиумски линч

0
By Нова ТВ on December 8, 2017 ВЕСТИ
Суад Бегановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

Минатите неколку денови беше бурно во босанскохерцеговинските медиуми. Пресудите од Хашкиот трибунал го окупираа јавниот простор, па останатите вести не доаѓаа во прв план. Такво нешто секогаш може да биде индикативно за БиХ, затоа што во минатото се покажа дека во таквите ситуации политичарите носат некои непопуларни закони, си ги зголемуваат своите плати или дури прават криминал.

Сепак, овој пат една тема се проби во жижата на интересот на јавноста. Имено, советникот на Бакир Изетбеговиќ и членот на неговиот кабинет, Џенан Селимбеговиќ, на својот Фејсбук профил навреди две новинарки од јавниот сервис. Се работи за искусни и популарни новинарки чија работа во БиХ се цени. Во статусот кој тој го објави пишува: „Гледам трејлер за некакво интервју на БХТ. Седнале две „половњачки“ една наспроти друга. Едната лошо офарбана, а другата со фушерајски колаген во усните. Луѓето ги нарекуваат новинарки. И сега оваа фарбанава, мртва ладна со лошо негувана коса, одвали дека БиХ во војната одбранила шака новинари на БХТ. Нишо Армојо на БиХ, ништо херои, ништо Алија… само таа и нејзината раја…“.

Новинарката Санела Прашевиќ-Гадџо во својата емисија „Интервју 20“ ја угостила новинарката Аријана Сарачевиќ-Хелач, која известувајќи за време на војната стана миленичка на босанскохерцеговинската јавност. Всушност тоа била темата која го налутила Селимбеговиќ, член на партијата Демократска акција (Stranka Demokratske Akcije), кои сакаат во јавноста единствени да имаат право на збор за војната.

На неговата реакција се надоврзаа уште некои членови на партијата Демократска акција, како Едина Рамиќ, федерален министер за раселени лица и бегалци. Рамиќ аплаудираше на Селимбеговиќ и ја нарече неговата реакција „тотална доминација“. Спорниот статус одлично пројде кај огромен број на помалку познати членови на партијата Демократска акција. Статусот им се допадна и на претседателот на Асоцијацијата за млади на партијата Демократска акција, Салки Зилдџич.

Санела Прашович-Гадџо реагираше преку отворено писмо кон Претседателството на Бих, првенствено кон Бакир Изетбегович наведувајќи дека е недозволив еден таков говор кој нанесува штета и на неа и на колешката Сарачевич-Хелач и на самата институција Претседателство во која работи Селимбеговиќ.

Со обзир на угледот кој го имаат новинарките добија големо медиумско внимание, па спорниот статус беше избришан, а Селимбегович и Рамиќ се повлекоа. Рамиќ во одбрана на Селимбегович наведе дека тој е „чесен човек. Како дете војувал во униформа на Армијата на БиХ, ги изгубил родителите, а сега поради вербален лапсус го претставуваат како монструм кој треба да се собори на под и да се изгази. Тоа го гледа и неговото дете“ избегнувајќи да забележи дека неговиот чин е нечесен и дека искуството во војната и губењето на родителите нема никаква врска со навредувањето новинарки. Рамиќ кој е препознаен како политичар кој е подготвен на се, не разбира најдобро што е вербален лапсус, а што се шест реченици полни со навреди.

Со оглед на тоа дека ова не е првпат некој член на партијата Демократска акција да изведе јавен напад или да изнесе спорни тврдења, после што ќе биде поддржен од другите членови, а потоа и ќе ја повлече изјавата, видливо е дека постои намера нападите врз новинарите да се нормализираат преку нивно повторување и навикнување на ситуацијата.

Рамиќ го прошири своето тврдење и ја преврте тезата дека „кон него се води харанга“, па се стекнува впечаток дека е нападнат Селимбеговиќ. Рамиќ тврди дека, парадоксално, тоа е напад на Претседателството на БиХ и дека е тоа „политичка кампања“ иако е очигледно дека Селимбегович е оној кој прв го напиша спорниот статус со говор на омраза и на крајот испадна жртва.

Реагираше и Здружението на новинари на БиХ: „Сосема е јасно кому се упатени тие примитивни и прости зборови, тие мизогони коментари који во јавниот комуникациски простор промовираат машки сексицизам, омраза и омаловажување на жените на ниво на предрасуда. Бидејќи господинот Селимбегович е јавен службеник и вработен во Кабинетот на генералниот секретар на Претседателството-највисоката државна институција во БиХ, сметаме дека јавните службеници во своите коментари не би смееле да ги кршат законските прописи, стандарди и човековите права и вредности, како и меѓународните декларации кои ги прифатило Претседателството“.

Постапката на Селимбегович ја осуди и Денис Грац, политичар од либералната Наша партија, наведувајќи дека покрај недозволивиот говор, Селимбегович заработува од граѓаните, а во текот на работно време пишува статуси на Фејсбук.

Се уште нема реакција за санкционирање на Селимбегович, а во медиумскиот простор преовладува верување дека нема ни да има негово санкционирање. Веќе е напоменато дека членовите на партијата Демократска акција од време на време напаѓаат поединци, а во извинувањата ги користат искуствата од војната како штит од сите критики.

Иако во БиХ постојат закони за клевета кои би требало да ги штитат двете страни, говорот на омразама на интернетот не е законски прецизно дефиниран. Исто така и покрај постоењето на законски прописи, како и прописи на институции во кои работат личности како Селимбегович, често се случува тие прописи да не се спроведуваат. Организациите како Вијеча за весниците со години го изнесуваат ставот за лошата положба на новинарите, како и решенија за порталите кои континуирано шират говор на омраза, медиумски линчуваат неистомисленици и сексистички настапуваат. До ден денешен, ниту еден од нив не е изгаснат. Гледано така, тешко е да се очекува дека Селимбегович и партијата Демократска акција ќе се откажат од својата Фејсбук кампања. Постои простор кој е сива законска зона и одлично им користи на кадрите на Демократска акција за отстрел на новинари.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.