Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирусот во летен поход – зголемен број новозаразени и смртни случаи во Србија, Албанија, Косово…

0
By Mirjana on July 9, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Расте бројот на новозаразени од коронавирусот во регионални рамки, но и вестите што доаѓаат од Европа се со слична информација – коронавируст тргна во летен поход.

Директорката на главната Ковид болница во Србија, Батајница, д-р Татјана Аџиќ Вукиќевиќ, предупреди дека реалниот број на заболени е околу 4.000 лица дневно, како и дека се зголемува бројот на пациенти во болниците.

„Во изминатите десет дена двојно е зголемен бројот на заболени од корона вирусот во болницата во Батајница и очекувам дополнително зголемување на бројот на примени, со оглед на зголемувањето на бројот на заразени, но сега клиничката слика на Ковид-19 е многу поблага, потребата од кислород е значително пониска, хоспитализацијата трае помалку, и има помалку смртни случаи, изјави Аџиќ Вукиќевиќ за Новости.

Според неа се зголемува бројот на пациенти на респиратори кои ја удвостручиле бројката за само 4-5 дена.

Д-р Аџиќ Вукиќевиќ изјави дека во моментов се актуелни новите подтипови на омикрон- BA.4 и BA.5 и дека според некои истражувања во светот тие ги зафаќаат и долните дишни органи, за разлика од „обичниот“ омикрон.

„Новите соеви многу поретко го напаѓаат долниот респираторен тракт во споредба со делта сојот и сите други. Најчесто предизвикуваат воспаление на синусите и ждрелото, а многу помалку пневмонија, изјави директорката на Ковид болницата Батајница и додаде дека ниту еден вид или подтип на вирусот нема да предизвика толку тешка клиничка слика како делта сојот.

Според Аџиќ Вукичевиќ во болниците во моментов имало еднаков број невакцинирани и вакцинирани, бидејќи сегашните соеви го заобиколуваат имунитетот стекнат со вакцинација.

Во Србија вчера  се регистрирани 1.599 нови случаи на коронавирус од 8.206 тестирани примероци, а пет лица починале.

И во Албанија во постојан раст е бројот на новозаразени лица со Ковид-19, каде од почетокот на месецов во просек дневно има по околу 700 новозаразени, а вчера тој број изнесувал 1.001, што е 45,2 отсто од тестираните, јавуваат локалните медиуми.

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, потврди дека во земјата циркулира варијантата БА5.

„Во земјата циркулира варијантата БА5, за која немаме јасни податоци за формите, ниту за процентот на смртност. Имаме и малку податоци за преносливоста на оваа варијанта. Граѓаните да се вакцинираат. Секое лице кое поминало еден месец од прележувањето на заразата треба да се вакцинира, со која било вакцина. За ова нема дискусија, изјави една од најпознатите епидемиолози во Албанија, Силва Бино.

Во првите недели од јуни во Албанија имало намалување на хоспитализациите, кога на болнички третман биле само четири пациенти, додека во јули зголемен е бројот на кои им е неопходен болнички третман, односно пет до шест дневно, при што најпогодени возрасни групи се оние над 60-годишна возраст.

Гостувајќи во емисија на Њуз 24, Бино додала  дека во изминатите три месеци речиси воопшто немало интерес за вакцинација а дека сега Албанија пристапила кон аплицирање и на 4 доза.

Албанското  минстерството за здравство соопшти дека активни случаи на зараза со Ковид-19 има 5.644, додека експертите предупредуваат дека нивниот број е најмалку двапати повисок.

Прв пат по три недели Косово вчера пријави три смртни случаи од коронавирусот.

Изминатите  24 часа се извршени 1.285 тестирања, од кои позитивни резултирале 397 лица. Активни носители на вирусот во Косово се 2.087 лица. 

(М.Т.)

расте бројот на новозаразени од коронавирусот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.