Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корпоративна демократија

0
By Blerina Tahiri on December 22, 2023 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ 

Крајот на секоја година е како домашен тефтер во кој се испишуваат последните страници. Сакале – не сакале, така функционира мерењето на времето. Се сведуваат сметките за минатата година и се прават планови за идната. Таква е човековата природа, ако нема надеж се влегува во депресивна состојба од која тешко се излегува. Личат ли заедниците на основната човекова природа? Опстојуваат ли и тие врз основа на некаква надеж за подобро утре? Како да се помогне цела една држава да не влезе во депресија?

Премногу прашања за кои се нужни одговори. Не за да го спасиме светот, туку да најдеме основа за опстанок на нашава заедница, која некако постојано е во потрага по надеж дека утре ќе ни биде подобро.

Во таквата потрага можеме да помогнеме само ако ги разбереме состојбите кои ни го ограничуваат видикот и ни прават лажни слики за вистинските состојби.

Мора да си признаеме дека за демократијата имавме малку вистинско знаење и малку искуство. Во нејзиното воспоставување си ги внесовме и старите знаења, навики и новите предизвици. Дефинициите на процесите ќе им ги оставам на научниците, а јас само ќе посочам неколку факти.

Македонската политичка сцена е водена и контролирана од моќните компании кои својата моќ ја стекнаа низ процесот на транзиција, моделирајќи го системот според своите интереси. Слабоста на институциите е последица на нивното влијание, бидејќи се изместени центрите на донесување на важните одлуки. Ова не е ништо необично или само наша карактеристика, туку нешто што во различен степен денес го има во сите пост- либерални системи. Разликата е само во општествената одговорност на компаниите кон заедницата. А таквата одговорност треба да е контролирана од политичките репрезенти на граѓаните. Граѓаните преку јавноста и постојаниот притисок на слободните медиуми врз избраните претставници го остваруваат своето право како поединци, кои со своите основни права се носители на суверенитетот на државата. Со појавата на социјалните мрежи се појави можност тој притисок да го прави секој, често и без основни познавања за проблемот или темата за која се искажува мислењето. Улогата на новинарите и традиционалните медиуми со тоа се разблажува до не-препознавање, но се дава можност за влијание на поединци кои се веќе идентификуваат како инфлуенсери.

Ова не е ништо повеќе од теоретска поставка ако не го отсликаме конкретно во нашиов случај каде сѐ се измеша и последиците можат да бидат лоши. Компаниите, сакајќи да се заштитат од новата политичка класа и да ги остварат своите цели за поголем профит, отворија голем број на медиуми преку кои директно со медиумски притисок ги поставуваа своите интереси пред државното водство. Кога тоа влијание ослабе поради социјалните мрежи и дигиталните можности во медиумската сфера, моќните компании почнаа да инсталираат свои кадри директно во партиските раководства. Така сега партиите станаа или сестрински компании на големите економски корпорации или самите станаа компании, кои идеолошките постулати и вредности ги заменија со рационалните придобивки што ги дава државниот апарат и буџетот како најголем резервоар на средства. Како во компаниските правила, партиите станаа систем во кој владеат интересите на компанијата пред сѐ. Лидерството се заокружува како ефикасен орган на корпорацијата кој треба да донесе дивиденда на акционерите. Постепено членството се претвори во ситни акционери или клиенти на партијата кои својата активност ја вреднуваат со положба во државниот апарат и користа што тоа место ја носи. Некогаш партиското раководство мора да внимава со кадрите во државниот апарат затоа што мора и да испорача резултати со кои ќе се задоволат потребите на граѓаните. Но, сѐ почесто тоа станува само средство за да се задржи партиската структура во кондиција.

Значи, преку донесување на закони и разни подзаконски одлуки се задоволуваат потребите на компаниите, кои своите интереси ги штитат со спонзорство на партиите и инвестиции во сопствени кадри во врвот на партиите. Сѐ понатаму е логичен след на остварување на тие интереси. Судство, обвинителство, инспекторати, сѐ се подредува на интересите на вистинските центри на моќ, а постапката ја спроведуваат политичките партии. Доколку некое партиско или државно раководство се осмели да загрози некој интерес на компанијата или корпорацијата, веднаш почнува сурова кампања од медиумите што впрочем се основани и се одржуваат за таквата намена.

Кругот се затвора, а последиците се разните тендери кои го користат буџетот на државата како свој извор на профит. Членството на партиите мора да биде задоволено и затоа апаратот нарасна до бројки кои сѐ потешко ќе бидат одржливи. Погледнете го новиот буџет и ќе видите дека 150 милијарди денари се предвидени за плати и пензии. Горе-долу околу две и пол милијарди евра. Од тој круг не може да излезе ниту една политичка сила без разлика на нејзините предизборни ветувања. Тоа е како да оди против своите основни интереси. Ставот на ЕУ во извештаите како и на САД од пред два дена, јасно го посочува овој проблем. Како конкретно ова изгледа низ бројки ќе се обидам да ви го претставам кога ќе се донесе новиот буџет, а посебно завршната сметка за изминатава година.

На локално ниво ќе се донесат буџетите за идната година, а според познавачите завршните сметки не се оптимистички поради слабостите на локалните администрации. Еве една насока до советниците во Советите. Пред да дигнете два прста за буџетот, проверете го соодносот меѓу вкупните задолжувања и оние што ќе доспеваат идната година. Така ќе ја видите цената на панделките со кои се отвораат новите објекти. Одговорот однапред го знам, ама се сомневам дека вакво прашање ќе биде поставено од народните избраници. Дел поради тоа што составот на Советите не гарантира дека најголем дел од советниците воопшто ќе ја разберат насоката, а дел и поради тоа што и оние кои разбираат се „мотивирани“ да се прават дека не разбираат. Ама, првиот услов е граѓаните да бидат информирани за она што е најбитно – како се трошат нивните пари.

За сите оние што имаат сомнеж во моите анализи нека ја погледнат анкетата на која инвеститорите во ТИР зоните се изјасниле дали повторно би инвестирале во РСМ. Само 46% изјавиле дека тоа би го направиле, ако сега треба за прв пат да инвестираат. Делумно ваквиот став и не е за изненадување зошто тие дојдоа по профит кој се темели врз државната помош и квалификувана работна сила што зема ниски плати. Тоа сега веќе го нема и логично е да бараат, или државата да им ги надокнади разликите во намалените профити, или да ги држат платите на сегашното ниво. Тоа е економија и нема ништо емпатиско во неа. Како што би рекле некои модерни левичари – „скапан капитализам ти е тоа, батка“!

Исти се и нашиве корпорации и компании. Се согласувате? Било тоа да се транзициски продукти, резултат на политичката корупција спроведена со закон или политичките партии како компании засновани врз клиентелистички правила. Целиот економски и политички простор е заземен од корпоративната демократија. Тоа е законот на профитот, законот на користа од која било човекова активност.

Ете вака јас јавно размислувам, а целта ми е како граѓани да имаме малку појасен преглед на работите пред да бидеме затрупани со разни теми од популистичка природа во  предизборни месеци во новата година. Како да се снабдиме со чадор за барем малку да се заштитиме од разните валканици што ќе паѓаат врз нас?

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.