Ги отфрлам со индигнација сите обвинувања дека полицијата влијаела врз избирачкиот процес – вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како одговор на изјавите од Никола Груевски и Зијадин Села.
Спасовски оценува дека ова е еден од најдемократските избори во историјата.
– Ги поддржавме ДУИ врз база на коалицискиот договор меѓу ДУИ и СДСМ – рече Спасовски, додавајќи „тие ни помогнаа нас и ние нив “.
Тој вели дека работни места на бегалците Грујовски и Бошковски во МВР се во мирување.
– Корумпираните „Сваровски“ судии овозможија Грујовски и Бошковски да избегаат – одговори Спасовски за тоа чија е одговорноста за нивното бегство.

