Марта Кос: Идентитетот никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во нашите души и срца. Идентитетот е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина. Идентитетот е како се грижиме за нашата традиција. На пример, манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме националните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик, и никој не може ова да ви го одземе на вас Македонците, рече Кос одговарајќи на новинарско прашање.
Извор: Прес конференција