Десет патници загинале, а триесетина се тешко повредени, откако автобус со косовски регистарски ознаки утрово во 6.20 часот излетал од автопатот кај Славoнски брод во Хрватска. Повредените патници, биле итно пренесени во болницата во Славонски брод.
Несреќата се случила во близина на наплатната рампа кај Славoнски брод. Автобусот сообраќал на редовната линија помеѓу германскиот град Франкфурт и главниот град на Косово, Приштина.
Како што јавија хрватските медиуми, тела од починатите се уште лежеле покрај автопатот, а Во тек е увидот на полицијата по што ќе се знае причината за оваа тешка сообраќајка. На местото на несреќата пристигнале и хрватскиот министер за здравство Вили Берош, како и заменик министерот за внатрешни работи Дамир Трут.
Поради несреќата автопатот е затворен за сообраќај, а возилате се пренасочуваат кон друг правец.