Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов: Преговарачката рамка не може да се репреговара, тоа е замајување на јавноста

0
By Gabi Tocko on June 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воопшто не треба во овој исклучително важен процес да се служиме со манипулации. Во моментот не може да се репреговара преговарачката рамка и тоа е само замајување на јавноста и подобрување на своите лични позиции, изјави потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во дебатата со Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во „24 отворено“ на ТВ24.

Тој додаде дека Македонија дојде до еден момент на патот кон ЕУ во кој беше внатрешно блокирана, самата од себе.

Во интерес на дијалогот и новата политичка култура што треба да ја создаваме, не би се навраќал наназад, кога ВМРО-ДПМНЕ не сакаше јасно да учествува во целиот процес и пред францускиот предлог, рече Костадинов.

Потпретседателот на СДСМ истакна дека не треба од сите теми да правиме фаталност и да губиме години без да ги завршиме интегративните процеси.

Македонија имаше историски шанси и претходно да биде понапред во овие интегративни процеси и многу работи можеа порано да бидат завршени, ако како општество бевме сложни за стратешките цели на државата. Години и години претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да направи поместување во евроинтегративните процеси и во процесите што значат и меѓународен и внатрешен успех, рече Костадинов.

Тој додаде дека темите за стратешките цели и интереси на државата не треба да се користат за дневнополитички поени и треба да се покаже едно ново ниво на дијалог и политичка култура за да се направат македонските граѓани посреќни и попрогресивни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.