Денеска во општина Сандански во Бугарија се случи историја. Прв пат градоначалници од двете држави се собираат на едно место и разговараат за огромните можности кои ги имаме пред нас, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица Коста Костадинов.
– Ја имав честа како градоначалник да зборувам за успешноста на нашата Струмица во однос на реализацијата на прекуграничните проекти. Пред премиерот на Република Бугарија јасно истакнав дека наша заедничка цел треба да ни биде линијата која не разделува, да ни биде линија која не зближува, тоа се европски вредности и од тоа директен бенефит имаат граѓаните, истакна Костадинов.
Беше чест, како што рече, да се биде заедно со сите колеги, заедно со премиерот Кирил Петков и нашиот министер за локална самоуправа Горан Милевски.