Премиерот Ковачевски телефонски разговарал со претставникот на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел.
Денес, на барање на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел, со премиерот Димитар Ковачевски телефонски разговарале за случувањата во Украина, објави Ковачевски на неговиот фејсбук профил.
“Во разговорот, Борел ја изрази својата благодарност за целосната усогласеност на Република Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ. Стоиме заедно и со целосна поддршка на граѓаните во Украина”, порача македонскиот премиер по телефонскиот разговор.