НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Граѓаните имаат штети од блокади, а не Собранието и Владата

0
By Sashko on May 6, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: youtube/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со блокирање не се прави штета ниту на Владата, ниту на Собранието, штета се прави единствено на компаниите, на граѓаните и на државата. Ги повикувам сите пратеници да бидат на ниво на својата задача, бидејќи тие, како што рече, не се избрани од претседател на политичка партија која добива наредби од Будимпешта, како да се однесува и што да прави. Пратениците треба да бидат одговорни, бидејќи тие се избрани од народот и треба да работат за потребите и за унапредувањето на животот на граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по посетата на германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“ во велешкото село Долно Каласлари.

Ковачевски нагласи дека и тој и Владата се отворени за соработка. За парламентот вели дека се одвива најнормална парламентарна дебата во која што учествуваат сите политички партии, а тој има дневни контакти со претставници на сите чинители во политичкиот живот во земјата.

„Што се однесува до соработката во Парламентот и во однос на најавите на опозицијата, јас кажав вчера и пред тоа дека се работи за еден исклучително неодговорен однос, значи неодговорен инфантилен однос од страна на претседателот на опозицијата којшто класично врши мобинг на неговите пратеници да блокираат во Собрание, нешто што не треба да се блокира. Собранието треба да  претставува место каде што се носат закони, каде што се унапредуваат закони бидејќи тие закони не се носат ниту за Владата, ниту за политичките партии. Тие закони се носат за граѓаните и за компаниите коишто ја унапредуваат оваа држава“, изјави Ковачевски.

Тој посочи дека во Собранието веќе има неколку закони кои се подготвени со измени на барање на инвеститори, а законските измени ќе овозможат забрзување на производствениот процес и на логистичките процеси, ќе ја зголеми продажба, а тоа ќе значи зголемување на бројот на работни места и зголемување и на платите на постојните вработени.

„СДСМ е партија која што докажала дека секогаш ги носи своите политики низ дијалог, бидејќи сме докажале дека Собранието секогаш сме го користеле како место за дебата за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои што денес блокираат, а во минатото истото тоа Собрание во неколку наврати го имаат користено и како место за насилство“, нагласи Ковачевски. 

На новинарско прашање за свикување лидерска средба со сите партии, Ковачевски рече дека можат да разговараат со сите партии. Додаде дека и денеска има состаноци со претседатели на партии за унапредување на законски решенија, за справување со енергетската криза, за справување со економската криза.

„Уцена со одбројувања, пет дена, четири дена, единствена точка на дневен ред, предвремени избори – таква средба не може да има. Затоа што не може да биде единствена точка – предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ пред скоро една година доби мандат во најголемиот дел од општините во државата. Гледате што се случува во општините. Еден проект нема“, потенцира премиерот Ковачевски. 

Тој вели дека неговиот став за одржување лидерска средба не е спротивен на изнесеното од коалицискиот партнер ДУИ и повтори дека треба има средба за теми кои, како што рече, се од интерес за граѓаните, а не единствена точка на дневен ред да биде предвремени избори, бидејќи избори ќе има во 2024 година.  

Според него, на почетокот во општините имало некакви презентации на проекти, кои се оставени од претходните градоначалници. Смета дека во Град Скопје се менуваат директорите на секои два месеци и ништо друго не се случува.

„Затоа нека си ја земат одговорноста во свои раце, нека покажат дека можат да работат во општините за тоа за што ветуваа, а ниту едно ветување уште не е остварено. Парламентот да функционира, Владата има зголемена парламентарна поддршка во Собранието во однос на претходната влада, бидејќи сега имаме поддршка од 64 пратеници, дополнително уште една партија која што се придружи на коалицијата и не постојат никакви ограничувања за носење на потребните одлуки за граѓаните“, порача премиерот Ковачевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.