Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски и Ременска во трка за претседател на СДСМ по оставката на Заев

0
By Ivana on December 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, кои треба да се одржат на 12 декември, до партиското седиште пристигнаа две кандидатури – едната на заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите Димитар Ковачевски, а другата на поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски.

Ковачевски, заедно со кандидатурата, ја достави и својата програма.

– Согласно роковите денеска ја поднесов мојата кандидатура за претседател на партијата, заедно со мојата визија и програма – Заедно, одговорно и посветено. Програмата се базира на три столба – социјалдемократска визија и вредности на работењето, економски раст и зголемување на животниот стандард и фер шанса и јасен систем со кој најдобрите ја добиваат одговорноста и шансата, изјави вчера Ковачевски пред седиштето на СДСМ откако ја поднесе кандидатурата.

Според него, СДСМ поминува низ еден предизвик, во кој мора да се менува и каде секој член на партијата е значаен и секој еден член на партијата ќе го каже својот глас.

– Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата и да го вратиме единството во општеството за да можеме да имаме посилни демократски партии и да имаме посилно општество. Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општество, притоа имајќи го предвид јасниот пат на нашето општество во европските интеграции, изјави Ковачевски.

Прашан за коментар на тоа дека ќе има силно влијание од Зоран Заев, Ковачевски рече дека неговото работење и неговиот интегритет ќе ги потврди преку  работа и одлуките кои ќе ги носи, доколку биде избран за претседател на СДСМ.

Освен Ковачевски, своја кандидатура поднесе и поранешната пратеничка и потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.

Образложувајќи ја кандидатурата, таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.

Воедно, Ременски посочи дека денешниот ден има и симболика во нејзината кандидатура, бидејќи ја поднесува во време на 16-дневниот женски активизам против насилството врз жените.

– Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на функција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократите да ја поддржат мојата кандидатура, изјави Ременски.

Таа додаде дека нејзината визија за СДСМ во следните пет години е победник во сите процеси пред коишто е исправен.

Оставката на Заев беше констатирана од Централниот одбор на СДСМ, на седницата која се одржа на 27 ноември. Иако, членовите на партијата инсистираа Заев да остане на лидерската позиција, тој не се откажа од оставката која ја најави на 31 октомври, по постигнувањето на лоши резултати на локалните избори.

При најавата за поднесување оставка, Заев порача дека сака неговото повлекување „да остане забележано во паметењето на народот“.

-Не е тешко заминувањето од политиката, тешка е помислата за реалноста од одлуката на нашиот народ. Донесов слобода и демократија, а кога е слобода и демократија треба да има и преземање одговорност. Низ преземањето одговорност сакам да оставам печат за да се учи народот и да води грижа за својата земја, рече Заев на 31 октомври.

Централниот одбор на СДСМ ги распиша вонредните внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на 12 декември.

Постапката за кандидирање за вонредните внатрепартиски избори на СДСМ трае до 4 декември, а досега се поднесени две кандидатури.

Кандидат за претседател на СДСМ, како што информираа од партијата по започнувањето на постапката, може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу коишто стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку пет години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.