Заменик министерот за финасии и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на неговиот фејсбук профил изрази задоволство што може непосредно да се запознае со иницијативата „Отворен Балкан” и да даде свој придонес.
-Чест ми што вечерва првпат учествувам на официјален работен настан на иницијативата „Отворен Балкан”. Оваа иницијатива е многу значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, услугите и стоките во регионот. Драго ми е што можам да дадам личен придонес и одблиску да се запознаам за целиот процес, пишува Ковачевски на фејсбук профилот на кој е објавена и фотографија од заедничката средба во Елбасан на премиерот Зоран Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ и домаќинот албанскиот премиер Еди Рама.