Министерството за финансии и Министерството за економија работат на нов сет на анти-кризни мерки за амортизирање на ценовниот шок со кој се соочуваат граѓаните, најави премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.
„Двете министерства работат на нов пакет на мерки. Во тек се анализи и штом бидат направени, веднаш ќе бидат објавени. Ние, како влада, го следиме движењето на цените. Притисок врз граѓаните е поголем во зимскиот период, меѓутоа има притисок и во летниот период, на пролет и на есен, го има низ целата година. Во секој случај, будно ја следиме ситуацијата и ќе реагираме, со оглед дека се издвоени 72 милиони евра што со ребаланс на Буџетот“, истакна Ковачевски.
За новиот сет на антикризни мерки, Ковачевски најави дека ќе бидат дизајнирани и насочени кон најранливите категории на граѓани.