Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук ги демантира, како што вели, лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија (ЕУ), без никакви фусноти и дополнувања.
„Се појавија многу лаги и шпекулации поврзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги“, истакна Ковачевски.
Тој во објавата на Фејсбук додаде дека „стратегијата и планот дадоа резултат, имаме нов предлог кој ги штити македонските стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени“.