Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски очекува Северна Македонија да стане членка на ЕУ до 2030 година, Маричиќ главен преговарач

0
By Sashko on September 5, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Северна Македонија денеска ја донесе одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој за заклучоците и информациите најави дека е задолжен вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој воедно, согласно одлуката на Владата ќе биде и главен преговарач.

Ковачевски додаде дека заедно со вицепремиерот се сложни по неколку прашања, а тоа е дека преговирите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно поскоро.

„Особено сум горд што дојдовме до моментот кога почнавме да зборуваме за техничките елементи врзани со преговорите со ЕУ. На 19 јули кога ги отпочнавме преговорите свртевме нова страница во македонската историја. Покажавме дека знаеме да се однесуваме државнички и храбро, да носиме државнички одлуки, бидејќи само така се трасира патот за понатамошен развој и на економски и на општествен план“, вели Ковачевски.

Премиерот додава и дека со одржувањето на првата меѓувладина конференција е направен историски исчекор во стратешка смисла.

„Ја повторивме нашата заложба за полноправно членство во Унијата и со тоа ги повторивме европските вредности за кои што се залагаме. Преговорите официјално започнаа, а со тоа се наметна потребата што поскоро да се направи концепт за преговарачката структура, согласно новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ“, изјави премиерот Ковачевски.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека нема модел на искуство од земјите кои досега преговарале или сè уште преговараат, бидејќи оваа методологија првпат се става во функција.

„Новата методологија наметнува пополитички пристапни преговори на начин што целокупниот процес го подигнува на повисоко политичко ниво во сите фази на преговорите. Со денешната одлука се одлучуваме за нова структура што го поедноставува овој механизам и воедно ќе го направи хиерархиски пофункционален, поефикасен и поефективен. Се воспоставува главен преговарач, функција што ќе ја вршам јас како заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања. За хиерархиска консистентност, ќе има и заменик на главниот преговарач, таа функција ќе ја врши државниот секретар за европски прашања, Дрита Абдиу Халили“, информираше Маричиќ.

Појаснувајќи ја преговарачката структура, тој посочи дека покрај главен и заменик преговарач, содржи и Комитет за преговори, претседаван од Владата и премиерот Димитар Ковачевски, четворицата вицепремиери, министерот за надворешни работи и министерот за финансии. Содржи и Државна делегација за преговори, на чело со министерот за надворешни работи Бујар Османи како шеф на делегацијата.

Во составот на преговарачката структура вклучена е група и за преговори составена од главен економист, главен правник и главен анти-корупционер. Формирани се и Работен комитет за европска интеграција и работни групи за пристапни преговори, како помошни тела поделени по кластери, три области и 33 поглавја. Истите ќе учествуваат во подготовка на анализи за степенот на усогласеност на националното законодавство со ЕУ и подготовка на нацрт-преговарачки позиции.

Како единствена точка за координација ќе биде Секретаријатот за европски прашања, со оглед на надлежностите што ги дава Законот. Во секоја работна група ќе има претставник-координатор од СЕП, надлежен за методолошките и процесни аспекти и координација со останатите тела.

„Заради важноста и улогата на Собранието, неговата одлука ќе се дефинира со меѓусебен договорен акт во кој ќе биде дадена и дефинирана улогата на опозицијата. Во наредните денови се планирани средби со претседателот на националниот совет за евроинтеграции за што подаваме рака и опозицијата да се вклучи во овој процес“, вели Маричиќ.

Во однос на претседателот на државата, тој додаде дека дополнително ќе биде утврден механизам за начинот и динамиката за информирање на претседателот на државата за пристапните преговори.

Одлуката на структурата за преговори, заменик-претседателот за европски прашања вели дека предвидува и можност за претставниците од граѓанскиот сектор да учествуваат во работата на работните групи. Исто така, свое место во процесот ќе има и бизнис заедницата, како и академската заедница и локалната самоуправа.

„Целта што си ја зададовме е завршување на преговорите и членство во ЕУ до 2030 година. Нашата иднина е во Европската Унија и затоа потребно е преку максимална посветеност и ангажираност да се вклучиме, да ја искористиме шансата што е пред нас и со брзи чекори и самоуверено да одиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Следува динамичен период за сите нас, каде ќе имаме адресирање на бројни аспекти, бројни теми. Само ако сме искрени, ќе имаме ефикасно спроведување на потребните реформи и подготвеност за следната фаза, а тоа е отворањето на кластерите и поглавјата“, заклучи Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.