Најавената блокада на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ во услови на најголемата светска криза е грозоморно, истакна премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
„Оној кој мисли само на својот личен рејтинг и кој мисли само кога ќе бидат наредните избори не е лидер. Лидери се оние луѓе кои носат одлуки и кои решаваат прашања што ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните, како и справувањето со најголемите проблеми со кои тие се соочуваат, истакна Ковачевски.
Затоа тој го оценува потегот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „како нешто најнеодговорно што може некој да го направи во период на најголемата светска економска криза по Втората светска војна“.
„Ова што го прави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во услови на постојан фраст на цените на реагенсите, во услови на постојан раст на цените на храната и во услови на обединување на сите политички субјекти во Европа околу изнаоѓање на начини за задржување на животниот стандард на граѓаните“, смета премиерот и лидер на СДСМ.