Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски побара безусловен старт на преговорите со ЕУ-Шолц вети заложба за отстранување на бугарската блокада

0
By Mirjana on June 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски побара безусловен старт на преговорите со Европската Унија не криејќи ја амбицијата, одлуката за тоа да се случи веќе на претстојниот самит на ЕУ на 23 јуни во Брисел.

„Македонија има направено се за да се случи првата меѓувладина конференција со ЕУ. Доколку се работи, а се работи по мерит систем на заслуги,  Македонија заслужува прва меѓувладина конфдеренција. Ние не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на ЕУ и да очекуваме дали ќе има или ќе нема датум. Тоа сега зависи од 27 земји на ЕУ, односно имаме ситуација кога една земја членка на ЕУ држи како заложници две земји кандидати за членство на патот кон ЕУ. Огромна е поддршката на Германија за прогрес во евроинтеграциите и благодарни сме поради тоа, нагласи премиерот Ковачевски.

Прашан да го коментитра преговарачкиот процес со Бугарија и има ли изгледи да се постигне решение до јунскиот самит на ЕУ, Ковачевски со став:

„Ние со нив водиме преговори на принципиелни и европски вредности, врз основа на начелата  на изгласаната Резолуција во нашето Собрание. Кога се работи за преговори најмалку еден услов тие да бидат успешни се страните да се доверливи во процесот. Ако сака процесот да е успешен и Бугарија треба да е таква и тоа да го направи. Но, има разлика. Овие преговори за нас се поради отпочнување на процесот на пристапни преговори со ЕУ и ние ова не го политизиравме или инструментализиравме како внатрешно полотичко прашање , што не е случај со Бугарија која го инструментализира и политизира прашањето, што не е добро. Не сакам да ги коментирам претпоставките и барања за кои јавуваат медиумите. Разговорите со бугарската страна се водат преку МНР и тогаш кога ќе дојде момент  на заемно прифатлив документ ќе соопштат, но досега таков документ нема, изјави Ковачевски.

Од своја страна , германскиот канцелар Шолц рече дека ќе се заложи да биде деблокиран процесот за евроинтеграциите на Северна Маедонија зашто се исполнети сите предуслови за тоа.

„Со задоволство ќе повторам дека првата меѓувладина конференција може веднаш да почне. Предусловите се исполнети. Се заложувам да го охрабрам вашето соседство за тоа да биде можно. Северна Македонија и Албанија ги исполнија предусловите и сите други земји треба да го поддржат тоа. Тоа е моЈата желба, сега ни преостанува да  успееме во тоа, изјави германскиот канцелар Шолц.

Тој истакна дека ЕУ поради својот кредибилитет и ветувањето што пред две години и го дала на земјава за почеток на преговорите, треба сега да го реализира.

И Ковачевски и Шолц на прес конференцијата во суперлативи говореа за тридецениските одлични билатерални односи , за безрезервната поддршка на Германија не само на политички туку на економски план.

Со трговска размена која книжи 4,7 милијарди евра , Германија речиси три децении е на првата позиција како најголерм наш економски партнер, И сега бројот на германски фирми кои инвестираат кај нас е околу 200 кои обезбедувата 20 000 вработувања. Во моментот се работи на исто така голема инвестиција за 400 мегаватна ветерна централа вредна 500 милиони евра.

Мирјана Трпческа 

 

 

Заедничка прес конференција Ковачевски - Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.