Ние седум години немавме меѓуетнички тензии во државата. Седум години немаме никаква пресија врз медиумите. Ние ги сменивме сите закони за заштита на правата и слободата на медиумите и новинарите. Напад на новинар сега е напад на службено лице, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн.мк“.
Тој додаде дека изминатите седум години немало ни една тужба од Владата према новинар иако претходно имаше по 200 тужби кои новинарите ги губеа.
СДСМ докажал и покажал што значат добри меѓуетнички односи. Коносител во ИЕ 2 е Фатмир Битиќи. На листата во ИЕ 1, што јас ја предводам, имаме Албанец од Сарај. Претседателот на Студентското собрание од Универзитетот во Тетово Агрон Демири е коносител во ИЕ 6, рече Ковачевски во видео интервјуто за Фронтлајн.мк. Линк