НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 сè уште е присутен во земјава, рано е за целосно укинување на мерките

0
By Sashko on April 1, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата прилика да се развие. Затоа сè уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови на угостителските објекти.

„Секој ден имаме по 300 новозаразени, а тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто“, изјави вчера министерот за здравство Беким Сали.

Последната препорака од Комисијата за заразни болести е да се укине носењето маски и за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта, но овие препораки треба да поминат на Главниот кризен штаб и потоа да бидат усвоени на владина седница.

Овој предлог на Комисијата доаѓа откако Владата неделава прифати укинување на маските за учениците од основните училишта, настава со физичко присуство на факултетите, но со задолжително носење заштитна маска и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти.

Од друга страна, со карванот за вакцинација се очекува да се зголеми одѕивот меѓу населението.

„Карванот сè уште не е завршен за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен“, изјави министерот за здравство.

Караванот почна на 21 март, а ќе заврши на 3 април. Се организира со цел да се промовира вакцината како безбеден начин на имунизација против ковид-19. Карванот денес ќе биде во Домот на култура во Неготино од 12 до 16 часот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 262 случаи со ковид-19 од кои 39 се реинфекции, еден починат и 326 оздравени пациенти.

Досега, во земјата направени се вкупно 1.962.489 милиони тестирања за ковид-19. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.979. Битката со вирусот ја изгубиле 9.221 лице, а бројот на оздравени пациенти е 294.988. Во земјава има 1.770 активни случаи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.