НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај за недопирливите- името и е Катица Јанева

0
By Биљана Секуловска on September 19, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборот на Катица Јанева за специјална обвинителка предизвика низа психосоматски реакции кај дел од нејзината фела: се соочија најпрво со неверица и сомнеж дека преку ноќ им се зголемил диоптерот кога и го прочитале името, по што се зборува дека доктор Дејан Ставриќ бил принуден да се претставува како непознат близнак на вистинскиот славен доктор за очни болести Ставриќ, некои од тоа утро кога го слушнале името на Јанева до ден денес тврдат дека нагло им се појавиле сериозни проблеми со слушниот апарат, оние хипохондриците веднаш побараа психијатриски прием и тврдеа дека доживуваат халуцинации, при што одбиваат да станат од каучот на овие доктори и говорат за застрашувачка појава на необјасниво разочарување, револт, гнев, кои подоцна се мешаат со тага и очај по што настапува ритуално палење на дипломите од Правен факултет и останатите правнички специјализации.

Вицот не завршува тука- овој чин на влегување во хипнотички транс при палењето на сите значајни респектибилни дипломи стекнати низ децениите на нашиве врвни правнички умови, е порака до оние кои ја предложиле Јанева и уште пострашно- кои се сложиле да ја добие оваа престижна функција: да се разбијат сите досегашни илузии и предрасуди дека е неопходно нешто и да се знае во правната сфера за да се добие заслужено ваква титула. Иако Јанева има некакви правнички дипломи, главниот потсмев на некои нејзини колеги се движи околу нејзината обука во Академијата Фалконе, за што тврдат дека е уште еден доказ за дилетантство, мала екскурзија до Италија изведена заедно со инкриминираниот Марко Зврлевски, со кого, замислете, лично се познавала и комуницирала.

А, да- неопходен е стаж и во искуството за воопшто да бидете кандидирани, го слушате крикот на останатиот дел од нејзините проминентни колеги, кои со години ги воделе сите значајни дела за организиран криминал, се разбира не на владејачката структура, туку, како што ќе се покаже низ годините, фабрикувани дела со политичка позадина. Таквите нејзини колеги со денови на јавна сцена ги кинат сопствените квалификации и не можат да сфатат- зошто Јанева е позиционирана на местото, кое тие по сите законите на правда и Бога, го заслужуваат?

И згора на се, во прашање е жена- врвна навреда за угледот на овој, како што сведочиме, непрокопсан свет, во кој на жените им е дадено единствено правото да го разменуваат воздухот со мажите и да им служат во таа чест. За некаква утеха на оние разочараните од поставувањето на Јанева е изразот кој деновиве се употребува за неа- станува збор за машка жена, ќе ви кажат во доверба, затоа што, да не се лажеме, продолжуваат, мажот е атомот на општеството, клетката на која почива светот, од која започнуваат сите множења, преку која се засадуваат семињата на успесите и се истребуваат евентуалните женски семиња на неуспеси, благодарејќи на природната селекција, во која опстануваат само најсилните видови.

Конечно, крајната пресуда допрва следи: дека никогаш и никој не ја слушнал Катица Јанева како го крева гласот против партизираноста во судството, притисоците, влијанијата, уцените, клиентелизмот, поткупувањата на обвинителите, ниту пак се борела низ сите овие години за правата и слободите, не протестирала за злоупотребите, неправдите, понижувањата и стравот кој го трпеа граѓаните, после сите тортури на власта.

Инаку, за пародијата од ваков аргумент против Јанева за да биде докрај чесно претставена, да ја продолжиме: секојдневно можевме да ги видиме нејзините колеги обвинители и судии низ медиумите, во јавноста како се претставуваат како докажани професионалци, кои жестоко се борат да го зачуваат сопствениот професионален и човечки интегритет, како и дигнитетот на самата професија, конечно и на државата. Само Јанева молчела, дами и господа, додека нејзините колеги не бомбардираат секојдневно низ медиумите со докази за нивната борба, само што има мал проблем во оваа бајка за демократскиот капацитет на нејзините колеги- никој не знае да наведе име и презиме на барем еден судија, барем еден обвинител кој проговорил за состојбите и недемократскиот амбиент.

Да сумираме- стануваат веќе здодевни сите ламентирања околу правичноста на одлуката токму Катица Јанева да биде именувана за специјален обвинител, иако се разбира дека здодевноста на дебатата не ја исклучува нејзината неопходност- без дијалог, полемика, критики и спротивставени ставови, без трошка сомнеж за политички и други ставови, одлуки, човештвото какво што го познаваме одамна ќе беше мртво.

Но, клучниот аргумент за поставување на Јанева на најчувствителната и одговорна функција сепак мора да се има на ум- се работи за политичка одлука, до која се дошло низ тешки преговори, длабоки компромиси и високи тонови на многу вжештени глави, кои низ годиниве наназад се претставуваат како политичка елита- повеќе политичка, отколку воопшто дека навистина станува збор за некаква елита.

Затоа, вистинскиот одговор дали Катица Јанева е најдоброто решение, ќе биде само таа, но поголемиот дел од одговорноста ќе ја сноси политичкиот лидер кој застанал зад неа и го бранел нејзиното име.

Како вели една светла мисла: “Секој со умот се богатеит, за да стори нешто на веков”. Toa требаше на време да му се каже и на Груевски, оваа мала зачкољица која говори за друг вид страст кон богатство, но да и дадеме шанса на Јанева- нека го стори тоа таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.