Русија нема веднаш да ја запре испораката на енергенси за „непријателските земји“ кои нема да плаќаат во рубљи, согласно новиот декрет на рускиот претседател кој стапува на сила денеска.
„Вчера добив многу прашања за тоа дали ќе има прекин во испораките на плин на 1 април, ако нема плаќање во рубљи. Не, нема да има прекин и тоа не е последица од декретот“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека плаќањата за денешните испораки на енергенси се превидени за крајот на април или почетокот на мај.