Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крис Картер приреди вистинско саемско лудило на штандот на „Сакам книги“

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера на штандот на „Сакам книги“ читателите чекаа во ред долг речиси до влезот на саемот за да се поздрават и добијат автограм од нивниот омилен пистаел – Крис Картер кој оваа година беше во центарот на вниманието на 35. издание на саемот на книга.

Тиражите на неговите две најнови книги „Јас сум смрт“ и „Јавувачот“ веќе се распродадени и со огромна радост можеме да констатираме дека Крис Картер сруши рекорди по продажба.

Организаторите велат дека рекорди беа срушени и по продадени влезници на саем, како што не памети саемот.

За добрата атмосфера на штандот се погрижи и диџеј Јанко, убавата енергија на целиот тим на издавачот како и среќните и возбудени лица на посетителите.

Ана Гублер (книжевен инфлуенсер) за екипата на 091инфо.мк изјави дека и два дена би чекала во ред само за да добие шанса да се поздрави со него и да добие автограм од него.

Во редицата можеа да се забележат и доста автори кои му се восхитуваат и му се најверни читатели.

Наде Стојиљковиќ, познат автор и новинар, беше дојдена уште од 10 часот само за да си фати место и меѓу првите да добие автограм од сензационалниот трилер мајстор Крис Картер.

Слаѓан Славенски, автор и голем обожавател на Крис Картер, изјави дека ќе чека во ред колку и да е потребно затоа што оваа можност е неповторлива и не би ја пропуштил за ништо на светот.

А Крис Картер воодушеви со неговата енергија која доминираше на сцената. Успеа да се прегрне, да се фотографира и да размени по некој збор со сите кои дојдоа да се поздрават со него.

Картер изјави дека е премногу задоволен од пречекот и приемот во Македонија. Со петчасовното потпишување книги вчера, рече дека Македонија е веднаш по Германија каде срушил рекорди во потпишување примероци.

Вечерва со почеток од 18 часот сите кои имаат билети за настанот во „Синеплекс“ ќе можат уште еднаш да бидат во негово присуство и да го проследат разговорот меѓу него и македонскиот автор на трилери Јордан Коцевски.

Со вчерашниот настан се потврди дека македонските читатели се многубројни и тука се кога треба да се претстави Македонија во најдобро светло пред странските автори.

„Сакам книги“ Крис Картер саем на книги 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.