Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

0
By Marija Todorovska on May 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен е кривично – правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.

Како што информираа од Кривичен, Советот за оценка на обвинителен акт постапувајќи по Обвинителниот акт во јавноста познат како „Адитив“, по ценење на наводите, како и приговорите на обвинението, донесол решение со кое во целост се одобрува обвинителниот акт.

– Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи по Обвинителниот акт со КО бр. 108/24, во јавноста познат како „Адитив“ по ценење на наводите во обвинението и приговорите на обвинението донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. Согласно одобрениот обвинителен акт оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 73/25 кој преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а откако ќе биде насрочена главната расправа, терминот ќе биде достапен преку Календарот на судење на веб страната на судот, стои во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 27 февруари годинава поднесе обвинителен акт до Кривичен, против 31 физичко и пет правни лица.

Како што претходно соопшти ОЈОГОК, според наводите во диспозитивот првообвинетиот сторил кривично дело Несовесно работење во службата, додека шестмина се обвинети за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, на четворица од нив на товар им се става и кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Дванаесет лица се обвинети дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а двајца од нив сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. На четири лица им се става на товар дека ги сториле кривичните дела – Злосторничко здружување и Перење пари и други приноси од казниво дело, додека четворица сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Останатите четири лица се обвинети за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело

Адитив Кривичен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.