НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кршење на ХИВ стигмата: Глумецот Били Портер јавно изјави дека тој живее со ХИВ веќе 14 години

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот глумец Били Портер вчера изјави дека тој живее со ХИВ веќе 14 години, односно дека тој бил дијагностициран со вирусот во 2007. Били Портер е афро-американец и е геј, правејќи го една од ретките ѕвезди од оваа позадина.

Во документ од Министерството за здравство стои следното објаснување за оваа болест: ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност (имунитетот), поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции. (…) СИДА-та е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со ХИВ.

Били Портер доби слава по неговата улога како изведувач(ка) на кабаре и дрег кралицата Лола во Бродвеј мјузиклот „Kinky Boots“ во 2013. За таа улога тој исто така ја доби наградата Тони.

Портер се прослави во мејнстимот по неговата улога во серијата на FX од продуцентот Рајн Марфи „Pose“ (Позирање). Во „Pose“, Портер го глуми Преј Тел, геј афро-американец кој е дел од таканаречента „ballroom“ сцена во Њу Јорк во 80тите и 90тите. Ликот Преј Тел е водител на „баловите“ во оваа њујоршка сцена каде ЛГБТ луѓе од најмногу афро-американски и латино-американски идентитети се натпреваруваат во различни категории. Портер ја доби наградата Еми во 2019 за улогата на Преј Тел.

„Јас бев генерација што требаше да знае подобро, и тоа сепак се случи. Срамот од тоа време се надополни со срамот што веќе [се трупаше] во мојот живот и ме замолкна, и живеев со тој срам во тишина 14 години,“ кажа Портер. “ХИВ-позитивност, од каде што потекнувам — растејќи во [заедница каде беше многу влијателна] Пентекостална црква и со многу религиозно семејство – се смета за Божја казна “.

(Били Портер во улогата на Преј Тел во „Pose“)

 

Во последната епизода на серијата „Pose“ што е моментално излезена, ликот Преј Тел се соочува токму со проблемот на својата ХИВ позитивност и религиозната заедницата каде што тој растел. Во оваа епизода која е четвртата епизода од финалната сезона на „Pose“, Преј Тел дознава дека има рак и докторот му кажува дека бидејќи тој има СИДА (крајен стадиум на ХИВ инфекција), тој има само уште 6 месеци живот останато. Заради ова, Преј Тел се враќа во малиот град од каде што тој потекнува за да ѝ каже на неговата многу религиозна мајка дека тој умира од СИДА.

Во интервјуто со The Hollywood Reporter, Били Портер зборува еден сличен однос кој тој го има во неговиот вистински живот со неговата мајка која исто така е дел од христијанска религиозна заедница.

„Мојот срам беше навистина поврзан со мојата врска со мајка ми и мојата поранешна врска со црквата. Мајка ми веќе претрпе толку многу, толку многу прогонства од страна на нејзината религиозна заедница поради мојот квир идентитет, што едноставно не сакав таа да мора да живее преку нивните „Јас ти го кажав тоа“ [за мојот ХИВ статус од страна на припадниците на нејзината црква],“ рече Портер. „Не сакав да ја натерам да помине низ тоа. Бев засрамен. Ми беше срам. Јас станав статистика за која сите велеа дека ќе бидам. Така, јас склучив пакт со себе дека ќе ја оставам да умре пред да ѝ кажам.“

Но мајка му, без разлика што веќе била однесена во старечки дом пред пет години, Портер вели дека таа е сѐ уште далеку од смрт. Така што по завршувањето на снимањето со последната сезона на „Pose“ Портер конечно ѝ кажал на мајка му. Пред планирана посета до нејзиниот старечки дом заедно со сестра му кога тие планирале да ѝ кажат на мајка му на Портер за неговиот ХИВ статус, Портер ѝ се јавил на мајка му и според него таа скоро веднаш приметила дека нешто не е во ред и тој едноставно ѝ ја соопштил оваа вест по телефон.

„Помалку од две минути од разговорот поминаа и таа ме праша „Што не е во ред?“ Реков: „Ништо“. Таа е рече: „Сине, те молам кажи ми што не е во ред“. И едноставно ѝ го кажав тоа,“ објаснува Портер во интервјуто. „Таа рече: „Го носиш ова 14 години? Немој никогаш повеќе да го правиш ова. Јас сум ти твоја мајка, те сакам без оглед на било што. И знам дека не разбирав како да се справам со тоа во раните години, но поминати се децении “. И сето тоа е точно. Тоа е мој срам. Години на траума го прави човекот нервозен. Но, вистината ќе те ослободи.“

(Републиканскиот претседател на САД Роналд Реган)

Кратка историја за ХИВ пандемијата во САД

Историски ЛГБТ заедницата во САД, а и низ светот била посебно погодена од ХИВ пандемијата. Може да се каже дека еден од најсмртоносните фактори во таа пандемија беше стигмата. Односно заради начинот на пренесување на болеста беше крајно стигматизиран бидејќи ХИВ се пренесува преку незаштитени сексуални односи (орален, вагинален или анален секс) и преку користење на претходно употребени игли, шприцеви и друг прибор за инјектирање на дрога или лекови, или употреба на нестерилни медицински инструменти. Овие теми се веќе многу стигматизирани во општеството така што заради тоа и самата ХИВ пандемија беше и до некаде сѐ уште е стигматизирана. Често од ХИВ и СИДА заболуваа веќе маргинализирани групи кои државните органи секако ги игнорираа и во некои случаи тотално ги напуштија за време на ХИВ пандемијата.

Дури по четири години од кризата тогашниот републикански претседател Роналд Реган за прв пат ја спомна кризата. Реган беше особено близок со и имаше влијание од страна на религиозните заедници – може да се каже дека тој ја должи неговата претседателска победа на евангелистичките гласачи. Католичката црква исто така играше (а и сѐ уште игра) важна улога за ширењето на хомофобија, бифобија и трансфобија. За време на ХИВ пандемијата во 80тите, Католичката црква дури ширеше информации дека не можат луѓе да се заштитат од ХИВ преку користењето на кондоми – нешто што воопшто не е точно и заради што некои сметаат дека милиони без потребно биле инфектирани со ХИВ.

ХИВ во 21ви век

Иако ХИВ позитивните луѓе во одредени делови од светот можат долго време да живеат со инфекцијата или позитивниот статус, на глобално ниво сѐ уште умираат скоро 1 милион луѓе годишно. Најголемиот дел од жртвите на ХИВ се наоѓаат во суб-сахарска Африка.

Денес има многу начини за некој да се заштити од ХИВ, како користењето на кондоми, но и нови лекови како ПрЕП, односно предекспозициска профилакса која е алатка за превенција на ХИВ. Од невладината организација ХОПС (Опции за Здрав Живот Скопје) објаснуваат дека ПрЕП е „претставува таблета која содржи две антиретровирусни активни состојки и може да ја зема ХИВ-негативно лице, во период на ризик, за да се заштити од инфицирање со ХИВ“ која е препорачана и од страна на Светската Здравствена Организација (СЗО).

Повеќе информации за ХИВ може да се најдат на веб страната на ХОПС (Опции за Здрав Живот Скопје), на веб страната на ХЕРА и на ред други места.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.