Неколку лица се убиени во Цетиње од огнено оружје по физичка пресметка во таверна, потврдија за „Вијеста“ од повеќе неофицијални извори.
Според истите информации, полицијата трага по осомничениот.
Според информациите од Полициската управа, во попладневните часови во градот Бајице, во угостителски објект се случило повеќекратно убиство кога лицето А.М. со огнено оружје ги одзел животите на неколку лица.
Најпрвин дошло до тепачка во кафеана по што бараниот извадил оружје и пукал.
Ја информираме јавноста дека се работи за ситуациски настан кој не е резултат на разбивање на ризични организирани криминални групи. За решавање на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици, стоие во полициското соопштение.