Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од денеска ќе почне со протести од 16 до 17 часот од Собрание до Влада.
Како што најави претседателот на КСС, Благоја Ралповски, членството ќе остане на улица до исполнување на нивните барања кои се однесуваат на усогласување на платите со минималната плата во државата.
„Бараме усогласување на платите во јавниот сектор, согласно покачувањето на минималната плата, а не како што е направено со Законот за административни службеници со кој платите се покачуваат од 100 до 200 денари. Досега имаме само едно покачување, а тоа е 5 отсто во 2019 година. И пред и потоа јавниот сектор е заборавен и затоа е доведен во ситуација да бидеме социјална категорија“, вели претседателот на КСС, Благоја Ралповски.