НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КСЗД: Поднесени 57 претставки во периодот јануари – март, случајот со Ембла е најтежок облик на дискриминација во оваа година

0
By Sashko on May 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пола од сите претставки што биле поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во првите три месеци од 2022 година се однесувале на областа на јавно информирање и медиуми и најчесто се поради вознемирување на социјалните мрежи. Најтежок, пак, облик на дискриминација во првиот квартал од годинава е случајот со 11-годишната ученичка со посебни потреби во ОУ „Братство“ во Гостивар, за кој Комисијата утврдила сегрегација, постапувајќи по службена должност.

КСЗД постапувала по 95 претставки во периодот од јануари до крајот на март, од кои 57 биле поднесени за тој квартал. Игор Јадровски, член на Комисијата, рече дека во првиот квартал од годинава Комисијата донела 46 одлуки – во 26 мислења утврдиле дискриминација, во десет не утврдиле, во два случаја не постапиле или ја запреле постапката согласно законските надлежности, а осум претставки биле отфрлени поради ненадлежност, неуредност или ненавременост.

„Во однос на видовите на утврдената дискриминација продолжува трендот од 2021 година на утврдување на потешки облици на дискриминација направена по повеќе основи, повеќекратна или повторена дискриминација и најголем број мислења во кои сме утврдиле дискриминација се од потежок вид – 14 вакви мислења. Во десет мислења сме утврдиле вознемирување и три во кои сме утврдиле потешка форма на вознемирување, кое било продолжено, повеќекратно или, пак, повторено. Имаме еден случај на повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација и еден случај во кој имаме утврдено сегрегација“, рече Јадровски, соопштувајќи ги наодите од кварталниот извештај.

За случајот со девојчето од Гостивар, кое поради попреченост и по петиција на родители на нејзини соученици беше преместена од одделението во несоодветна просторија, КЗСД постапила по службена должност и утврдила продолжена дискриминација, исклучување и сегрегација.

„Иако ова беше потежок облик на дискриминација, сепак по укажувањето и препораките на Комисијата, ова е еден од ретките случаи во кои имаме добиено сеопфатен одговор кој значи постапување по сите препораки. Дел од нив беа веднаш исполнети од училиштето, како на пример враќање на девојчето во одделението, правење посебна програма за нејзините потреби и извинување на родителите. Училиштето нѐ информираше дека во соработка со регионалните ресурсни центри ќе обезбеди посебна просторија која ќе има асистивна технологија и дека во соработка со училиштето „Златан Стремец“ е во постапка на изготвување програма за сензибилизација на вработените во училиштето и на родителите. Ова го издвојувам како позитивен случај, иако има и други, но беше медиумски најприсутен и најдобро покажува како сеопфатното делување може да се направи промена“, истакна Јадровски.

Од вкупниот број на примени претставки (57) во кварталот јануари-март 2022 година, најзастапени области на дискриминација се медиумите и јавното информирање (50 отсто), работа и работни односи паднаа на второ место со 19 отсто, пристап до добра и услуги (15 отсто), образование (12 отсто) и спорт (4 отсто).

Во однос на дискриминирањето во областа на јавно информирање и медиуми, кое по бројот на претставки е најзастапено, Јадровски појасни дека најчесто се работи за вознемирувања на социјалните мрежи, посочувајќи притоа дека за разлика од Законот за медиуми, нивната Комисија пошироко ја третира оваа област и во дефиницијата за медиуми ги опфаќа и интернет-порталите и социјалните мрежи.

Посочи дека во однос на 2021 година, во кварталот јануари-март 2022 година има значително намалување на претставките врз основа на етничка припадност, а има зголемување на претставки за заштита од дискриминација врз основа на сексуална дискриминација – во цела 2021 година имало 14, а за трите месеци од 2022 – девет. Ист е соодносот и за претставки за дискриминација врз основа на родов идентитет, а за дискриминација врз основа на попреченост – во првиот квартал има четири, а во цела 2021 – седум претставки.

Јадровски соопшти дека има значително зголемување на одлуките во споредба со 2021 година, односно во првиот квартал од годинава се донесени 30 отсто или една третина од вкупниот број одлуки што Комисијата ги донела во 2021 година.

„Во 2021 година пристигнаа 77 претставки, а постапувавме по 167 претставки. Тоа значи дека во првиот квартал ние имаме примено 74 проценти од вкупниот број претставки кои сме ги примиле во 2021 година, а сме постапувале по 57 отсто од вкупниот број претставки што сме ги примиле за цела 2021 година. Ова покажува тренд на враќање на довербата во институцијата, но и дополнителна информираност на граѓаните и здруженијата за постоењето на Комисијата и нејзино целосно етаблирање како водечки орган во промоција на принципот на еднаквост  во спречување и заштита од дискриминација“, рече Јадровски.

Во однос на 2021 година, забележливо е зголемување на бројот на правни лица кои поднесуваат претставки (23) и најмногу се од здруженија на граѓани. Од физички лица се поднесени 30 претставки во периодот јануари-март. Три претставки ги иницирала Комисијата по службена должност, за разлика од лани кога во цела година иницирала две претставки. Најголем број од добиените претставки (22) се од подносители од Скопје. Како и минатата година, претставки за заштита од дискриминација повеќе поднесувале жени (43 отсто) отколку мажи (40 отсто). Во останатите 17 отсто од вкупниот број примени претставки, подносителите не се изјасниле во однос на полот.

Јадровски рече и дека зголемениот капацитетот на стручната служба со двајца нови административни службеници, покрај 12-те со кои располагала, ќе ја зголеми ефикасноста на КСЗД, но дека сѐ уште се дефицитарни и им е потребен кадар и нови вработувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.