Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кукли од месо

0
By Zoran Ivanov on August 31, 2025 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пинкер, всушност пишува како Македонците требале да се однесуваст кон своето општество и кон својата држава, конечно, кон себе, а јас 30 години пишувам како и зошто се за.баа и постапија скроз спротивно, поминаа на страната на варварството, ги отворија вратите на својот Рим пред Визиготите на вмро и нивните алариси и поримјанчените одоакари.

Бранко Тричковски

Колку и да е човечкото општество несовршено, мораме да го споредуваме со бруталноста и бедата на вистинското минато, а не со складот и богатството на замислената иднина.

Имаме среќа да живееме во општество кое помалку или повеќе функционира и нашиот приоритет треба да биде да не ја зезнеме работата, затоа што благодарејки на човечката природа, вечно балансираме на работ на варварството. А бидејки никој не е доволно паметен да го предвиди однесувањето макар и на еден човек, а камо ли на милиони луѓе во општеството, мораме да бидеме сомничави кон секоја формула за промена што доаѓа од горе, затоа што секоја таква формула веројатно ќе има несакани последици кои се многу полоши од проблемите кои треба да ги реши.

Најдобро на што можеме да се надеваме се постепени промени кои непрекинато се прилагодуваат во склад со повратните информации за нивните вкупни добри и лоши последици.

Исто така следи и тоа дека не би требало да се обидуваме да да ги решиме проблемите на криминалот и сиромаштвото, затоа што во светот на поединците кои меѓусебно се натпреваруваат, тоа што за еден човек е добивка, за друг може да значи губиток.

Ова последно становиште на Стивен Пинкер ми е највозбудливо, но не ми најјасно. Како и некои други. Дури и по додавката во која вели: Најдобро што можеме да направиме е едната цена да ја замениме со другата. Но, општиот поглед го споделувам.

Пинкер, всушност пишува како Македонците требале да се однесуваст кон своето општество и кон својата држава, конечно, кон себе, а јас 30 години пишувам како и зошто се заебаа и постапија скроз спротивно, поминаа на страната на варварството, ги отворија вратите на својот Рим пред Визиготите на вмро и нивните алариси и поримјанчените одоакари.

И како резултат на тоа се сведоа себе си на кукли од месо.

Јас го пишувам за Македонската контрареволуција на вмро тоа што Едмонд Берк го напиша по Француската револуција:

“На гревовите на државата човекот требаше да им пристапи како на раните на својот татко, со побожна стравопочит и понизна грижа. Таа мудра пристрасност не учи со ужас да гледаме на оние деца на својата земја, кои се спремни непромислено да го распарчаат својот стар родител и да го фрлат во волшебникарскиот котел, надевајки се дека тој со своите отровни тревки и магии ќе го врти татковото здравје и ќе го обнови неговиот живот.

Французите се испозаклаа, додека Македонците се обесчовечуваат во вморонското распарчување на нивниот родител.

На нивните лица не можам да забележам ниту најмали траги на ужас. Можеби се, си велам, во право, за кој ку.ац ќе им е стариот родител, ако го имаат вмро!?

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

бранко тричкоивски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.