Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Култниот филм „Валтер го брани Сараево“ направи 50 години-вечерва прослава на јубилејот

0
By Соња Крамарска on April 6, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва со почеток во 19 часот, во ресторанот „Валтер“ во трговскиот центар Галерија (Белград на вода), филмските фанови и љубители на културно -историското наследство од поранешна СФРЈ ќе се потсетат на култниот филм „Валтер го брани Сараево“. Повод е 50-годишнината од неговата премиера. На настанот ќе присуствува и Игор Гало, актер, режисер и продуцент кој ја играше улогата на Малиша и е единствениот жив актер од плејадата врвни актери кои играа во филмот.

„Валтер го брани Сараево“ е возбудлив, преполн со акција, шпионски филм за сараевските илегалци и нивниот водач, партизанскиот разузнавач Владимир Периќ Валтер, кој го игра Велимир Бата Живојиновиќ. Филмот беше премиерно прикажан пред 50 години во сараевска Скендерија и сè уште го држи рекордот по бројот на гледачи на филм произведен во поранешна Југославија.

За време на настанот ќе бидат прикажани видео и фото материјали од снимањето на филмот, а ќе бидат прикажани и делата на младиот сликар Павле Максимовиќ, кој иако има само 21 година, во овој филм најде инспирација за поп-арт дела.

Филмот на Хајрудин Крвавец „Валтер го брани Сараево“во изминатите 50 години го гледале повеќе од 11 милијарди луѓе.

Освен во поранешна Југославија, филмот доживеа неверојатен успех во Кина. Всушност, „Валтер“ беше првиот странски филм што се прикажуваше во Кина по „Културната револуција“, а популарноста на овој филм не опаѓа, бидејќи „Валтер“ сè уште се прикажува на националната кинеска телевизија за националните празници. Својата антологиска улога во овој филм ја одигра Велимир Бата Живојиновиќ, кој се уште има култен статус во Кина.

Филмот е снимен во 1972 година, во режија на Хајрудин Крвавец, а сценариото на Ѓорѓе Лебовиќ, Момо Капор, Хајрудин Крвавец и Сава Преѓа, додека филмот го продуцира Хидајет Чалкиќ.

Насловната улога ја толкуваше Бата Живојиновиќ во улогата на Валтер, а други југословенски актери играа: Раде Марковиќ, Љубиша Самарџиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра, Неда Спасојевиќ, Павле Вујисиќ, Слободан Димитријевиќ „Лоби“, Стевојук Галижио“, Игор Бегиќ, Реља Башиќ, Етела Пардо, Воја Мириќ, Владан Холец, Давор Антолиќ, Боро Беговиќ, Еуген Вербер, Миралем Зупчевиќ, Руди Алваѓ, Рамиз Секиќ, Деметра Битенц, Хусеин Цокиќ, Драган Стипиќ, Зоран Белиќ, Ранко Лечепец, и Јозо како што за прв пат во филмот се појавува Емир Кустурица.

Покрај Југословените играа и германските актери: Хањо Хасе, Ролф Ромер, Вилхелм Кох Хеге, Херберт Кефер, Фред Делмар и Хелмут Шрајбер.

Многу генерации на територијата на поранешна СФРЈ пораснаа со познатите реплики од филмот: „Стрелец го вика Кондор“, „Те чекам во пет кај беговата џамија“, „Воздухот трепери како небото гори“, „Diese Stadt ist Walter“ (Овој град е Валтер). (Р.Н.)

50 години од премиера Валтер го брани Сараево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.