Во Куманово пукано е во Д-р Зекирија Шаини, носителот на советничката листа на Нацинална алијанса за интеграции (НАИ) на Општина Липково.
Тој го возел својот „Голф“ кога во него пукале две лица кои се движеле по улицата.
Шахини е пренесен на Клиниките во Скопје и според првичните информации е надвор од животна опасност. Полицијата ја обезбедила локацијата и ги побарува камерите со пристап до местото, додека мотивот и сторителите засега не се познати.