Русија објави дека употребила термобарична бомба против украинските сили. Ова беше кажано за време на најавата за „антитерористичката“ операција, која е одговор на упадот на Украина во Курск.
Според руското Министерство за одбрана, борбите продолжуваат во западниот регион Курск. Руската војска изврши воздушни напади врз украинските сили, а во овие напади се користеле термобарични бомби, познати и како вакум бомби, кои можат да ги здробат човечките тела поради екстремниот притисок и температура при експлозијата.
Вакуумските бомби, познати и како термобарични експлозиви, дејствуваат во две фази. Првата е експлозивно полнење кое го распрснува горивото во облак кој потоа може да влезе во зградите или околните структури.
Втората фаза ослободува облак кој предизвикува огромна огнена топка и го всмукува кислородот од околните места предизвикувајќи застрашувачки ударен бран.
Ефектите од топлината и притисокот се ужасни – секој што ќе биде фатен во првата експлозија веднаш е запален, а секој фатен во областа би претрпел тешки внатрешни повреди од ударниот бран.
Вакуумските бомби примарно убиваат создавајќи исклучително моќен ударен бран кој ги раскинува човечките органи и ги гори белите дробови и создаваат и екстремно високи температури од неколку илјади степени и можат да предизвикаат страшни изгореници.