Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитки до Северна Македонија и до Албанија за денешното официјално отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ).
На својата официјална Твитер налог, Курти напиша дека Косово, заедно со Скопје и Тирана, го прославува нивното, како што вели, „историско достигнување“.
„Честитки за Албанија и Северна Македонија за отворањето на преговорите со Европската унија. Косово го прославува вашето историско достигнување и се приклучува на заложбите за реформи кои ќе ги трансформираат нашите земји и ќе го зајакнат нашиот регион во Европа“, напиша Курти.
Честитки до Северна Македонија и Албанија а почетокот на преговорите со ЕУ претходно упати и претседателката на Косово, Вјоса Османи.