„Коалицијата не е едноумие, туку различни мислења, а исти вредности. Она што зборува ВМРО –ДПМНЕ дека ќе коалицира со Левица која во утрински соопштенија, тврди дека се Хамас,а навечер никогаш не вели никогаш е надвор од памет. Тоа покажува дека ДПМНЕ нема коалициски капацитет “, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија.
Таа посочи дека, никогаш не вели никогаш може да има во политиката, кога станува збор за напредокот на државата.
„Сите политички партии кои коалицирале со СДСМ, заложбата им била европска унија, а на тие на кои не им била како што ги гледаме што правата во нТетово и другите општини,местото сами си го нашле.Оние кои што ги делат тие вредности, СДСМ секогаш го има капацитетот да биде со тие партии,“ истакна Кузеска.