Лабина Митевска реизбрана за директорка на „Браќа Манаки“
На денешниот состанок на Друштвото на филмски работници Лабина Митевска доби уште еден мандат за директорка на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржува во Битола, а Горјан Тозија е реизбран за претседател на Друштвото.
Во конкуренција за челната позиција на битолскиот фестивал покрај Митевска, бил и режисерот Антонио Митриќевски.
На Митевска ова ќе и биде трет мандат. Избрани се и пет нови члена на Друштвото на филмски работници.
На состанокот се разговарало и за финансиските проблеми со кои се соочуваат македонските филмски продукции, а членовите на Друштвото го задолжиле Управниот одбор да ја информира јавноста за овие потешкотии.