Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Лансет“: Над милијарда луѓе ширум светот имаат прекумерна тежина

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од милијарда луѓе се борат со прекумерната тежина и дебелината, посочуваат новите научни проценки на светско ниво, објавени во медицинското списание „Лансет“.

Податоците од 2022 година вклучуваат околу 880 милиони возрасни и 159 милиони деца. Највисоки стапки на прекумерната тежина има во Тонга и Американска Самоа – за жени и во Американска Самоа и Науру – за мажи, со околу 70 – 80 отсто од возрасните кои живеат со дебелина. Во периодот меѓу 1990. и 2022 година, дебелината во светот кај жените се зголемила од 8,8 отсто на 18,5 отсто, а кај мажите од 4,8 отсто на 14 отсто, покажува истражувањето.

Научниците истакнуваат дека дебелината ја зголемува опасноста од развој на бројни сериозни здравствени состојби, како срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови рак.

– Во некои случаи има агресивни маркетинг-кампањи коишто промовираат нездрава храна, додека пак, и цената и достапноста на поздрава храна може да биде проблем, нагласи проф. Маџид Езати.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека новите испитувања ја нагласуваат важноста на спречување дебелина од раниот живот до зрелоста, преку исхрана, физичка активност и соодветна грижа. Тој додаде дека тоа ќе бара работа на властите и заедниците и оти е неопходна и соработка на приватниот сектор, кој мора да биде одговорен за влијанието на неговите производи врз здравјето на населението.

вишок килограми дебелина здрава храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.