Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарска комора: Трпението е при крај, бараме заштита од државата

0
By Менче Атанасова Точи on June 19, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Заштита на докторите додека пружаат медицинска помош и добивање на статус на службени лица бара Лекарската комора од државата. Ваквата реакција доаѓа, како што велат заради зачестеното агресивно однесување на пациентите кон лекарите, особено со последниот случај каде син на пациентка, претепа доктор на Клиниката за гастроентерохепатологија.

-Популацијата е хиперадренализирана, на социјалните мрежи се жири говор на омраза против докторите по последниот случај на напад врз доктор и тоа мора да престане. Затоа бараме статус на службени лица со што ќе бидеме заштитени како што е во Финска, Данска и Израел. Зарем треба да биде убиен лекар како што беше случајот со хирургот во Краљево? Нашето трпение е при кај, изјави денеска Кочо Чакаларовски претседател на Лекарската комора.

Во комората велат дека три проценти од лекарите во Британија задолжително треба да знаат некоја од вештините како што е џиу-џит-су на пример, за да можат да се одбранат. Беше посочен и пример на лекар на Клиниката за нефрологијата кој барал од директорот да му дозволи да доаѓа на работа наоружан.

Комората веќе доставила барања до директорите на клиниките да обезбедат заштита на медицинскиот персонал, но велат од таму нема никаков одговор. Признаваат дека има и лекари кои се однесуваат несоодветно или не се заинтересирани во време кога семејството чувствува болка кон блискиот, затоа апелираат на трпение од двете страни.

Во Лекарската комора не сметаат дека причината за засилената агресија кон лекарите треба да се бара во здравствениот систем, во долгите административни процедури. Од таму велат дека станува збор за нарушена доверба меѓу лекарите и пациентите, но и фактот дека од терцијалното здравство повеќе не може да се очекува услуга како досега бидејќи истите работи се прават во болниците, односно во секундарното здравство.

И Синдикатот на скопските клиники го осудува нападот на лекарот и бараат да се спроведе законот за Здравствена заштита во член 171, каде се вели дека лекарот има право на заштита доколку кон него се упатени навреди и закани, болницата каде што работи е должна да му ја обезбеди.

Инаку, случајот кој вчера го објави НОВА, ја крена на нозе македонската јавност и во исто време ја подели. Додека едни се згрозени од агресивното однесување на 35 годишниот Филип Стојановски кој денеска ја погреба мајка му, многу од граѓаните го оправдуваат и охрабруваат ваквото однесување.

Со случајот се запознаени и во МРВ, каде што Стојановски пријавил напад врз неговиот татко, кој како што тврди бил малтретиран од три лица од обезбедувањето кои го удирале за да го натераат да го доведе синот.

-Имаме пријава дека три лица го нападнале неговиот татко, го туркале и слично, така што ние работиме на расчистување кои се тие луѓе, дали навистина станува збор за службени лица од обезбедувањето, изјави Иво Котевски портпарол на МВР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.