Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекторите по македонски јазик на МСМЈЛК при УКИМ изземени од покачувањата на примањата

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со соопштение дојавноста лекторите по македонски јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ реагираат на нивно изземање од покачување на платите и другите надоместоци.

Лекторите и вработени во лекторатите вршат значајна национална мисија за ширење на македонскиот јазик, литература и култура на 11 активни лекторати во светот.

Но и покрај таквите сериозни заложби и посветеност за ширење на македонистиката на образовен, културен и дипломатски план, тие се оставени на маргините, со плати што не ги покриваат нивните основни трошоци за живот и сместување, па се принудени да се снаоѓаат како што знаат и умеат. И покрај ваквата незавидна положба во која се наоѓаат, лекторите на МСМЈЛК при УКИМ се изземени од последните покачувања на платите на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 22 %.

Девизниот додаток, односно додатокот за подобрување на животниот стандард во странство, кој и онака е мал, не се исплаќа редовно секој месец, што дополнително ја отежнува тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат.

Лекторите на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, исто така, информираат дека не го добиваат целосниот износ на основната плата што им следува, односно добиваат само 75 % од износот на основната плата за работните десет месеци, што е во спротивност со Правилникот за работа на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје.

Лошата финансиска ситуација сериозно го загрозува опстанокот на лекторатите по македонски јазик во странство и затоа ги доставуваме следните барања до Ректоратот на УКИМ и до Министерството за образование:

1Прво, наоѓање соодветно правно решение за корекција на дискриминaторската одлука за изземање на лекторите по македонски јазик во однос на останатите 3 200 вработени со цел нивната плата да го добие покачувањето од 22 % што го добија сите вработени на УКИМ. Со оглед на тоа што лекторите по македонски јазик вршат значајна национална мисија за ширење на македонистиката во светот, а и со самиот факт што живеењето во странство значи и дополнителни трошоци за живот, бараме во најкраток можен рок да се најде начин да се исправи неправдата што ни е нанесена.

Второ, наоѓање соодветно правно решение за корекција на пресметката на платите, со цел лекторите за време на работните месеци да го добиваат целосниот износ од платата што им следува, односно 100 %, како и редовно исплаќање на девизниот додаток.

Доколку надлежните не одговорат на овие барања, вработените на МСМЛЈК при УКИМ во Скопје ќе преземат соодветни мерки за заштита и остварување на своите права кои се загарантирани со Уставот и законите, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.