Џез групата „Летечки пекинезери“, вечерва ќе настапи на премиерата на новиот холивудски хит „Големиот Гетсби“ во киното „Синеплекс“. На тематската вечер „Џез ера во Синеплекс“, која почнува во 20 часот, препорачливо е присутните да носат детали инспирирана од модата од 20-тите години на минатиот век.
Филмот премиерно ќе биде прикажан и во киното „Милениум“.
Новата филмска адаптација на познатиот роман на Ф. Скот Фицџералд е во режија на Баз Лурман, а во главните улоги се Леонардо ди Kаприо, Тоби Мегваер, Kери Малиган, Џоел Едгертон, Ајла Фишер, Елизабет Дебики и Џејсон Kларк.
Во „Летечки пекинезери“ членуваат Бојан Петков (гитара и перкусии), Иво Солдатовиќ (кларинет), Kирил Туфекчиевски (контрабас), Славчо Kоцев (тапани) и Петар Христов (тенор саксофон).