Во понеделник на 15 јули од 11:00 до 13:00 часот во Центар за култура во Куманово ќе се оддржи летна креативна ликовна работилница. Овие работилници се оддржуваат два до три пати во текот на годината и наидуваат на голем интерес од најмладите кумановци.
Центарот за култура обезбедува материјал за работа бои, четки, платна и блокови, а децата цртаат на слободна тема. За секој учесник е обезбедена благодарница за учество од Центарот за култура. Овие работилници се поддржани и од Министерство за култура.
Од центарот велат дека се сигурни дека преку нив допринесуваат младите да ги посетуваат културните институции, да бидат кај нив и да можат креативно да го искажат својот талент.
Поканети се сите дечиња кои се во градот да дојдат во Центар за култура во Куманово да се дружат и да го покажат својот тален.