Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите на ЕУ предлагаат поконкурентна Унија за заштита на европските граѓани и вредности 

0
By Zoran Ivanov on March 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поконкурентна Европска Унија ќе биде посилна Унија, подобро способна да ги заштити своите граѓани, вредности и интереси на глобалната сцена, истовремено одржувајќи го својот просперитет и европскиот социјален модел, се наведува во заклучоците од денешниот Самит на ЕУ посветени на конкурентноста.

– Потребата да се инвестира во нашата одбрана и нашата конкурентност се тесно поврзани. Европскиот совет ја нагласува итната потреба да се зајакне конкурентноста на Европа… Во таа насока, Европскиот совет особено ја поздравува презентацијата на Компасот за конкурентност од 29 јануари 2025 година, Договорот за чиста индустрија од 26 февруари 2025 година и агендата за поедноставување „Омнибус“, се вели во документот.

Според лидерите на ЕУ, 2025 година треба да означи чекор на промена во активностите на Унијата за зајакнување на конкурентноста и на единствениот пазар, за промовирање на квалитетни работни места и за обезбедување успешна двојна транзиција, во согласност со договорените цели за климата.

– Со цел да се постигнат овие цели и да се придонесе за намалување на јазот во иновациите и продуктивноста со глобалните конкуренти на ЕУ и во рамките на ЕУ, Европскиот совет се согласува да даде приоритет на поедноставувањето и намалувањето на регулаторните и административните оптоварувања, намалувањето на цените на енергијата и мобилизирањето на приватните заштеди за да се отклучат неопходните инвестиции во економијата на ЕУ, се додава во заклучоците.

Во контекст на плановите за поедноставување и намалување на оптоварувањата, лидерите, меѓу другото, предлагаат намалување на административните давачки за најмалку 25 отсто, поедноставување на постојното законодавство, олеснување на правилата за индустриска декарбонизација и за трошоци за безбедност и одбрана и избегнување на прекумерната регулација.

Во делот на енергијата Европскиот совет повикува на засилување на напорите за заштитат граѓаните и бизнисите во ЕУ од високите енергетски трошоци, за обезбедување и снабдување со прифатлива и чиста енергија, изградба на „вистинска енергетска унија пред 2030 година“, зајакнување на енергетската безбедност и отпорност и заштита на инфраструктурата.

Лидерите нагласуваат дека во услови на предизвиците за конкурентноста на ЕУ, „од огромно значење е да се создадат вистински интегрирани и подлабоки европски пазари на капитал, преку создавање на Унијата на пазари на капитал“, како и на „вистинска Унија за штедење и инвестиции“ што ќе помогне да се канализираат стотици милијарди евра дополнителни инвестиции во европската економија секоја година.

– Овие приоритети за конкурентноста ќе бидат поддржани со амбициозна нова хоризонтална Стратегија за единствен пазар, која ќе биде претставена во јуни 2025 година, која треба да има за цел продлабочување на единствениот пазар, со отстранување на преостанатите бариери, особено во областа на услугите и основните добра, справување со фрагментацијата и подобрување на примената и спроведувањето на правилата за единствениот пазар, се наведува во заклучоците од Самитот на ЕУ посветени на конкурентноста.

 

ЕУ конкурентност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.