Држава во која кокошки ја водат надворешата политика, сервисирани од скрежови во медиумската сфера, а лигњи и чавки економската и финансиката, е остра ножица со кој се сечат идентификациските врски на луѓето со Македонија.
Бранкио Тричковски
Што содржат ињекциите за ликвидација на македонската нација?
Прво, државата обезбедува идеални услови за иселување, особено на помладите, така што јасно дава на знаење дека секој што е помлад од 73 години, а не мисли да избега од оваа вукојебина, или е будала или е луд или татко му е лопужа која се збогатила крадејки под закрила на некоја партија.
Второ, затнувајки ги сите канали за интеграција со Европската унија, власта ги стимулира луѓето да бараат решенија во вадење на бугарски пасоши, работа која потоа од административно решение за скокање на пречките што ги поставува домашната власт, полека се проширува кон олабавување на сите идентификациски моменти со Македонија односно ситуациите се развиваат ви тој правец. Уште повеќе што многумина во Софија и по други градови и села во Бугарија, ќе најдат некој роднина кој многу ппрано се сетил да избега од Македонија. Слушам дека за Божик ќе се делат на плоштадот вмро во неограничени количества.
Трето спектакуларното уништување на правниот, културниот, медиумскиот и политичкиот и естетскиот амбиент, не само што е стимулативно за иселувањето туку е стимулативно и во воздржувањето од размножување на луѓето кои нема да се иселат.
Четврто, држава во која кокошки ја водат надворешата политика, сервисирани од скрежови во медиумската сфера, а лигњи и чавки економската и финансиката, е остра ножица со кој се сечат идентификациските врски на луѓето со Македонија.
Петто, секојдневните обраќања на премиерот за тоа што се ќе се случи односно нема да се случи додека е тој премиер, се многу убава илустрација на распаѓачката бемисла во која се потонати Македонците.
Шесто, животот претворен во парада беше забавен некое време но сега парадите се покажуваат како неподнослива одвратност.
Седмо, празен трезор, ниски плати, високи цени и катастрофален пораз на нормалноста, ученоста, на знаењето
Тоа е, драги мои.
Не е убаво, знам, но морам да ви кажам, всушност, да признаам, дека од дистанцата на која со тешка мака се искачив, чувствувам некоја чудна мешавина меѓу сочувтво за таа пеколна каша во која ве похува вмро и радост од несреќата за која со успех се изборивте.
Од Фејсбук ѕидот на авторот




