Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Линхарт: Се надеваме на почеток на преговори во декември

0
By Ivana on November 18, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се надеваме на почеток на преговорите со Северна Македонија во декември, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Скопје.

– Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање, и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно, порача Линхарт.

Тој оцени дека започнувањето преговори во декември не е важно само за Северна Македонија и за Албанија, туку тоа може да има позитивни влијанија за целиот регион на Западен Балкан.

Линхарт посочи дека се додека земјите од Западен Балкан не се членки на Европската Унија, се дотогаш ЕУ не го завршила интегрирањето и оти Западниот Балкан е дел од Европа.

– Северна Макеоднија е типичен пример за кандидат во ЕУ. Затоа Австрија и натаму ќе се заложува за почеток на преговорите со Северна Македонија, порача шефот на австриската дипломатија.

Според него, силата и благосостојбата на Западен Балкан, значи сила и благосостојба за цела Европа.

Министерот Османи истакна дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на интегрирањето на Западен Балкан во Европската Унија.

– Ставот на Виена е дека Европа не е комплетирана без Западниот Балкан да е дел од Европската Унија и ние сме благодарни за тој став. Се наоѓаме во еден исклучително важен период за европските интеграции на државата и на целиот регион. Му кажав на министертѓот дека во Северна Македонија и во нашето досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион, бидејќи оттука треба да почне деблокирањето на регионот преку започнување преговори со Северна Македонија и Албанија што потоа ќе ги охрабри и другите држави да ги решат споровите со цел регионот да се движи во европски правец и да стане дел од ЕУ, рече Османи.

Тој додаде дека декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ.

– Зборувавме за декември, како еден добар прозорец за можноста и потребата за концентрирање на целокупната домашна, регионална и европска енергија во правец на искористување на оваа можност што е многу важна, не само за нашата приказна, туку за кредибилитетот на европската иднина, рече Османи.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.