Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово ги лишиле од слобода А.М.(46) и Е.Ч.(46) од
Косово.
Двајцата непосредно пред апсењето, извршиле
кражба на парични средства од 71-годишен човек со иницијали Р.С. од тетовски Пирок.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, средствата им се одземени и ќе му бидат вратени на сопственикот. Со соодветен поднесок
тие денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.