НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Литвански пратеници бараат знакот Z да биде додаден меѓу забранетите нацистички и комунистички симболи

0
By Sashko on March 24, 2022 СВЕТ
Фото: washingtonpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Литвански пратеници предложија знакот Z, со кој се обележани руските воени возила во Украина, и Георгиевската лента да се израмнат со нацистичките и комунистичките симболи.

Делење или истакнување на црно-портокаловата Георгиевска лента или знакот Z на собири или други масовни настани, според предлогот, би се казнувало со 500 евра.

„Проруските активисти ги користат тие два симбола како пропаганда и заплашување, сметаат пратениците Моника Ошмианскиене и Линас Јонаускас кои поднесоа предлог амандмани на Законјот за административни прекршоци и Законот за собири“, пренесе литванската новинска агенција ЕЛТА.

„Со години се говори за забрана на Георгиевската лента. Таа стана алатка за пропаганда и за провокација и предизвикување на поделби и непријателства меѓу луѓето, симбол на агресија и насилство што нема никаква врска со жртвите во Втората светска војна“, изјави Јонаускас од Социјалдемократската партија.

Георгиевската лента беше дел од многу високи воени одликувања што ги доделуваа Руската Империја, Советскиот сојуз и денешната Руската Федерација. Стана еден од најпрепознатливите симболи на Денот на победата во Втората светска војна, а во современа Русија е патриотски симбол со кој јавно се изразува поддршка на владата.

Во некои поранешни советски републики, како Украина, Грузија и балтичките земји, во последните години се поврзува со русофилија и руски национализам и иредентизам. Лентата, исто така, беше користена за истакнување на поддршка и при претходниот руски упад во Украина во 2014 година.

Во Литванија со закон е забрането делење и истакнување на знамиња и грбови на нацистичка Германија, на СССР и на Литванската Советска Социјалистичка Република, како и симболи на нацистички и комунистички организации, вклучително „свастиката“, симболот SS, советскиот срп и чекан и петокраката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025
ФОКУС

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

ВЕСТИ September 2, 2025

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.