НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубе Пота: Македонскиот Нимиц на Кипар

0
By Борјан Јовановски on August 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Љубе Пота, “бејбиситерот” на ООН има 96 години и живее во Скопје, Македонија. И на оваа возраст тој се уште чека “бебето” кое го израсна и кое има веќе 26 години да биде признаено во својот град – Никозија во Кипар.

Љубе Пота е архитект урбанист. Во декември 1980 мисијата на УНДП година го ангажира како шеф на меѓународниот експертски тим задолжен да го дефинира Главниот урбанистички план за Никозија. И по речиси три поминати децении Пота со гордост се сеќава на сите детали од неговиот шест годишен престој во Никозија.

„Ова е нашето бебе, ми рече шефот на УНДП во Никозија, Кшитиндра Далал под чиј надзор се реализираше идејата за Главниот урбанистички план на Никозија создаден да му овозможи на тој се уште поделен град да функционира во актуелните околности на поделеност, но да биде подготвен да профункционира во истиот момент кога ќе се создадат политички услови за обединување на тој град, ми раскажува Љубе Пота објаснувајќи ја важноста која Обединетите нации тогаш му ја даваат на тој проект.

Целта на планот била да се спречат дивите градби на перифериите на двате страни од градот, да се обнови централното градско подрачје со цел да се подобри економскиот амбиент, но и да се привлечат граѓаните да се вратат во напуштениот стар дел на градот. Пота објаснува дека, една од главните точки на овој план требало да биде и заштитата на богатото култруно наследтсво на Никозија напластено до Византија, средновековна Франција, Венеција, Отоманската империја и Англија. Технички, сето изгледало возможно, но политички, вели Пота, работите стоеле на тенок мраз.

„На прв поглед една ваква мисија во поделената Никозија се чинеше неможна“, се присеќава Пота.

Но, иницијативата да се направи “невозможното” во тогашната политичка атмосфера пристига од вистинското место – градоначалниците на грчкиот и турскиот дел на Никозија, Димитрис Лелос и Мустафа Акинџи.

Една вечер во 1977 година Акинџи со помош на претставникот на УНДП далеку од очите на јавноста ја минува тогаш неминливата граница меѓу двата дела на островот и се среќава со Лелос во неговиот дом. Тие двајцата се стари познаници кои го сакаат својот град и неговите жители.

„Ние двајцата не сакавме да дозволиме политичките проблеми да го уништат секојдневието на нашите граѓани“, вели во една прилика Мустафа Акинџи.

Неговите погледи ги дели и неговиот грчки колега.

„Појдовме од тоа дека градоначалниците треба да бидат добри куќни помошнички кои ја одржуваат куќата во најдобар ред, тоа беше нашето поимање за функциите кои ни беа доверени, вели Димитри Лелос.

За почеток, со помош на програмата за развој на Обединетите нации, се согласуваат да ја обноват заеднички канализациската мрежа прекината по инвизијата на турските трупи на Кипар. Охрабрени од Обединетите нации и од првите заеднички напори, двајцата градоначалници почнуваат да размислуваат да се изработи Главен урбанистички план. План кој во поделената Никозија би можел да поттикне создавање на услови за повторно обединување на двата дела од градот.

„Договарањето одеше брзо, меѓу нас немаше недоразбирања. Сепак, не можевме да потпишеме никаков официјален документ бидејќи официјално ние не се признававме едено со друг како градоначалници“, вели Акинџи додавајќи дека тоа не ги спречило да постигнат договор за основите начела на Главниот урбанистички план.

По постигањето на оваа согласност УНДП во 1980 година го повикува Љубе Пота да ракови со меѓународниот експертски тим кој ќе ја реализира идејата за изработка на Главниот урбанистички план. Сепак, и покрај бројните експерти од светот кои Обединетите нации ги носат во тимот на Љубе Пота, најважни во оперативниот дел на работата биле двата стручни тима од канцелариите на двата градоначалника. Тие се состанувале редовно во хотелот Ледра Палас кој се наоѓа во бафер зоната тогаш контролирана од канадските војници во состав на мировната мисија на ООН.



Експертскиот тим на чело со Пота

„Моја голем среќа беше што сите тие, од двете страни беа пријатели, се познаваа, работеле заедно во некогашното министерство за урбанизам. Едвај чекаа да се сретнат. Имав проблем да го започнам состанокот. Им требаше време да се прашаат како се, да се распрашаат како се нивните блиски од двете страни на границата со кои не можеа да се среќаваат. Си пренесуваа поздрави, си носеа разни специјалитети, турски, грчки…беше убаво да се работи со нив и тоа беше една сосема поинаква атмосфера од онаа политичка нетрпеливост која доминираше во јавноста“, вели Љубе Пота.

„Тогаш најважна задача е да одржи таа пријатна атмосфера помеѓу тимовите од двете страни на Никозија“, раскажува Пота.

„На предлог на дипломатите на Обединетите нации успеавме да организираме и двата тима меѓусебно да се посетат. Овие од турскиот дел да дојдат во грчкиот и обратно. И да го видат градот а и да ја продлабочат дружбата. Тоа не беше едноставна мисија во тоа време кога само дипломатите можеа да ја минуваат границата“ вели тој.

Сепак, и во овие прилики дипломатијата била неопходна.

„Претставникот на ООН секогаш ме подучуваше како да постапам. Па така, на еден состанок од десна страна го седнував претставникот на турскиот дел, а му давав прво збор на претставникот на грчкиот дел па на следниот состанок обратно“, раскажува Пота.



Средби помеѓу градоначалниците

Дипломатските вештини се чинеле многу важни за конструктивната атмосфера често изложена на предизвици кои ги носеле дневно аткуелните полтички случувања.
Првата „криза“ пристигнува кога на ред доаѓа именувањето на улиците од Главниот урбанистички план. Грчката страна не ги прифаќала турските имиња и обратно. Потребен бил компромис.

„Од тимот на УНДП и канцеларијата на постојаниот претставник на ООН во Кипар, Аргентинецот Хуго Гоби, предложија улиците во планот да ги задржат старите називи на англиски од времето кога Кипар беше англиска колонија. Предлогот бргу се прифати и од двете страни“, вели Пота.

Но, предизвиците не доаѓаат само од политичарите. На ред доаѓа главната улица во центарот на Никозија која ги поврзува грчката и турската страна на градот. Планот предвидува таа да се претвори во пешачка зона. Тогаш се бунтуваат трговците. Сметаат дека запирањето на сообраќајот ќе им го намали прометот.

„Двата градоначалника тогаш наидоа на отпори од трговците кои сметаа дека со запирање на сообраќајот на автомобили ќе им се намали прометот. Овие отпори ги имаше на двете страни и грчката и турската, но Лејлос и Мустафа двајцата се договорија да ги убедуваат трговците. Изготвивме слики како ќе излгеда, разоварвме со сите трговци и на рајот сепак се најде решение и се пристапи кон тоа оваа зона да се дефинира како пешачка во планот, раскажува Пота.

Пролетта 1983 година Љубе Пота го доставува мастер планот во драфт веризија до надлежните во мисијата на УНДП. Во јуни истата година стигнува признанието за Пота.

„Многу елементи допринесуваат за успехот на проектот, но главниот и одлучувачките без двоумење е господинот Љубе Пота. Настрана неговите исклучителни професионални вештини, она што го прави идеален човек за оваа особено тешка задача се неговите лични квалитети благодарение на кои тој успеа за многу кратко време да ја стекне довербата и од грчки и од турски Кипар. Неговот чувство за фер постапување, неговата темелност во анализите и неговиот природен талент за практична дипломатија беа клучни за успехот на проектот, се вели во докуметот потпишан од подсекретарот на ООН и извршниот директор на Центарот на ООН за домови ХАБИТАТ.

Поранешниот грчки градоначалик Димитрис Лелос вели дека улогата на Љубе Потоа била од огромно значење.

„Тој го познаваше нашиот менталитет. Јас, тој и Мустафа уживаме во иста храна, исти пијалоци, имавме слична смисла за хумор. Овие квалитети на еден човек стручно инволвиран во една комплицирана политичка атмосфера се од непроценлиов значење“, ми раскажуваше господинот Лелос кого имав чест да го сретнам во неговата куќа во Никозија каде спокојно ужива во пензионерските денови. За жал, не успеав да се сретнам со господинот Акинџи во трускит дел на Кипар. Тој беше отсутен во перидот кога бев на Кипар да ја снимам мојата емисија за проблемите на таа држава со перењето на пари.

Бившиот долгогодишен градоначалник на Ниозија и мој домаќин се согласува дека перењето пари е лош имиџ за Кипар потенцирајќи дека Кипар има и успешни приказни како оваа за Главиот урбанистички план што ме потикна да ја направам оваа сторија. Како што ми рече Лелос тој е се уште во контакт со неговиот колега од другата страна на бариерата , Мустафа Акинџи. Тие двајцата се добри пријатели горди на својата улога како градоначалници на поделниот град. Лелос не го криеше задоволство што сретнал сограѓани ни Љубе Пота и на крајот од разгворот пропратен со кипарско мезе посака да му испрати видео порака на својот пријател Пота. Пораката му ја донесовме во Скопје. Гледајќи ја чичко Љубе видно се возбуди и посака да му возврати на својот пријател.

Љубе, Лелос и Мустафа во водите на староста се уште чекаат нивниот сон за обединета Никозија да го видат остварен.

Луѓето на Кипар го поскауваат тоа од двете страни на Никозија, тоа го знам . За жал максималистичките политички позиции не го овозможуваат обединувањето.

„Доколку политиката ги следи потребите и желбите на својот народ Кипар ќе се обедини“, ми вели чичко Пота на крајот од нашиот разговор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.