Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Логиката на народите кои исчезнале!

0
By Zoran Ivanov on December 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јас сум на становиште дека Македонците како мнозински народ со многу специфичен статус, мораат да пројават поголема деликатност кон позициите на Албанците. Тоа што еманципацијата на Албанците одеше на сметка нз некои монополи и ексклузивитети на Македонците, не е загуба за вторите затоа што тие други ресурси за хармонизирање на внатрешните односи немаат, а за тие отстапки и, како што велат, жртви, добија непроценлив капитал во форма на време, мир и билети за Брисел.

Бранко Тричковски

Соочен со конкуренцијата на другите народи, со генерации ќе опстане единствено народот кој е во состојба во погон да го одржи процесот на самоинспирацијата.

Автогена инспирација ја нарекуваме етносферичната техника на климата.

Етнотехниките ги прилагодуваат индивидуите на надредениот заедничкк дух и специфичните ритми, мелодии, проекти, ритуали и мириси…Благодарејки на таквото поигрување со формата кое создава заедничка чулност, која поседува смисла, собраното мноштво секогаш одново, дури и во неповолни околности, може да се увери дека припаѓа заедно; кога тие докази кои го уверуваат во тоа ќе останат без сила, тогаш обесхрабрените народи се втопуваат во посилни култури или се растопуваат на лутачки банди и по некоја заостаната група без наследници.

Задачата, така апсурдно голем број на луѓе да се приклучат кон заедничките вибрации и гестикулации, дури и во обединувачките системи на лудилото, звучат како барање кое не може да се задоволи затоа што е просто претерана. Но, совладувањето на таквите тешкотии очигледно е дел од логиката на народите кои навистина исчезнале. Во историскиот свет, како што се чини, имено она што е помалку веројатно покажува склоност да се наметне како повеќе реално.

Како може да да се ситуира актуелната македонска ситуација, посебно ситуацијата на етничките Македонци која тука ја разгледувам и можниот развој на настаните во светлината на овие слотердијкови теориски формулации кои тој ги темели и на одредени историски искуства.

Прво, македонската самоинспирација е форсирано, значи, свесно и систематски, издигната на високо ниво на ригиден антиалбанизам и антибугаризам. Тоа е одработено со натчовечките напори на сегашната власт од времето кога беше опозиција. Ритмите, песните, проектите, ритуалите, мирисите, се во втор план или се во првите редови само како теми на загрозеност од Албанците внатре и од Бугарите, од надвор.

Хомогенизацијата на нацијата која е извршена на тие основи, со идеја да се “ремакедонизира”Македонија, односно статусно работите да се вратат на нивото кога Македонците беа газди, а другите “рамноправни” граѓани од втор и трет ред, е смртоносна замка за Македонците.

Тоа емотивно собирање ја деформира сликата за стварноста, односно Македонците го губат допирот со стварноста, како во поглед на сопствените ресурси, така и на ресурсите на оние што ги проектирале како непријатели кои треба статусно да ги потчинат. Заедно со меѓународните констелации кои не им одат во прилог повеќе од нула отсто.

Второ, за Македонците особено важи предупредувањето дека задачата, сите луѓе да се приклучат кон заедничките вибрации и гестикулации, дури и во обединувачките системи на лудилото, какво што почнува да преовладува, звучат како барање кое не може да се задоволи затоа што е просто претерано.

Трето, има многу народи кои исчезнале обидувајки се да ја проверат оваа теза.

Четврто, кога доказите кои го поткрепуваат и докажуваат заедништвото ќе останат без сила, народите се стопуваат во поголеми култури или се распаѓаат во банди. Македонците се познати по тоа дека лесно паѓаат пред пречките кои се исправуваат пред нивното заедништво, така што и оваа предупредување не треба да се отфрли туку да се има предвид.

Јас сум на становиште дека Македонците како мнозински народ со многу специфичен статус, мораат да пројават поголема деликатност кон позициите на Албанците. Тоа што еманципацијата на Албанците одеше на сметка нз некои монополи и ексклузивитети на Македонците, не е загуба за вторите затоа што тие други ресурси за хармонизирање на внатрешните односи немаат, а за тие отстапки и, како што велат, жртви, добија непроценлив капитал во форма на време, мир и билети за Брисел.

Не сакам ниту да помислам како ќе си поминат ако чипираните идиоти од вмро-дпмне ги турнат во оружена пресметка за “ослободување” на Македонија од Албанците кои им биле како “солна киселина”.

Се разбира, јас не ја уривам правната држава во корист на политичките опортунитети, но прашање е дали ние воопшто имаме правна држава и дали воопшто можеме да ја изградиме во услови на ваква конфронтација.

Што може да направат компромитираните институции?

Во чија компромитација главната заслуга ја има сегашната власт! И бившата не е невина, но деструкцијата на вмро не може да се мери со ништо.

Така што, возљубени чеда во Господа, памет во глава.

Некои ќе се пикнат во гепеците на своите џипови и ќе киднат во Унгарија на дочеци на наредните нови години, а вие ќе собирате глави што ќе се тркалаат по улиците.

Македонија не може да постои без вољата и интересот на Албанците. Мислам дека и Македонците не можат да ја преживеат разделбата со Албанците.

За разлика од Албанците.

Хахаха!

Дали се разбираме!

Македонија ќе биде држава на рамноправни народи или нема да ја биде.

Таа не може да биде ексклузивна држава на македонскиот народ.

Како сакате така!

Секој Македонец посебно, сите заедно+ Уставниот суд!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.